Во Белград отворен Меѓународниот саем за оружје „Партнер 2023“

September 25, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Меѓународниот саем на оружје и воена опрема „Партнер 2023“ беше отворен денеска во Белград, а според српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ, на саемот ќе ги претстават своите производи 154 излагачи од Србија и од светот, јавува Анадолу.

Вучевиќ рече дека ќе бидат претставени репрезентативен дел од производите на одбранбената индустрија на Србија, како и компании од Германија, Франција, Австрија, Финска, Туркије и Кина.

Вучевиќ истакна дека оваа година се потпишани договори со домашни компании за опремување на Српските вооружени сили во вредност од 6,2 милијарди динари, дека за време на саемот се очекува да бидат потпишани договори во вредност од двојно повеќе, како и дека до крајот на годината се очекува на војската на Србија да ѝ биде испорачано огнено оружје од домашно производство.

Тој наведе дека до крајот на годинава се очекува испорака на системи за капитално оружје од увоз – транспортни авиони, чиј дел денеска пристигнува во Србија, и авиони Ербас Х45.

Како што соопшти српското Министерство за одбрана, од претходниот саем во 2021 година досега, Воено-техничкиот институт и домашната одбранбена индустрија на Србија развиле 66 нови средства, од кои 21 се „нулта“ серии кои се успешно произведени.

Саемот се одржува во халите 1, 4 и 2А, како и на отворениот простор на Белградскиот саем.

Ова е 11-ти саем за оружје што го организира Министерството за одбрана на Србија.

Саемот трае до 28 септември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петровска за пописот во Албанија: Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се попишат онака како што се чувствуваат, како Македонци

Следно

Ердоган – Алиев: Неодамнешната победа на Азербејџан во Карабах е извор на гордост

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop