Ердоган – Алиев: Неодамнешната победа на Азербејџан во Карабах е извор на гордост

September 25, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Успешното завршување на неодамнешната операција и победата на Азербејџан во Карабах предизвикува гордост, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

„Брзото и успешно завршување на операцијата со исклучително почитување на правата на цивилите е причина за гордост за нас“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција по средбата со неговиот азербејџански колега Илхам Алиев.

Ердоган денес престојува во еднодневна посета на азербејџанската ексклава Нахчиван на покана на Алиев за да разговара за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните прашања, особено за неодамнешните настани во Карабах.

„Од срце ѝ честитам на победничката азербејџанска Армија и за нејзиниот историски успех и за нејзиниот хуман однос кон цивилите“, рече Ердоган.

Минатата недела, по провокациите на ерменските сили во Карабах, Азербејџан соопшти дека започнал антитерористички активности во регионот за да го поддржи трилатералниот мировен договор со Русија и Ерменија од 2020 година. По 24 часа беше постигнат прекин на огнот во регионот.

„Со последната победа се отворија нови прозорци на можности за сеопфатна нормализација во регионот“, рече Ердоган, велејќи дека очекува Ерменија да преземе искрени чекори за стабилност во регионот.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев им се заблагодари на турскиот претседател Ердоган и на Туркије за поддршката.

„Со меѓусебната поддршка, регионалните прашања ги насочуваме во вистинска насока. Сакаме мир и стабилност во регионот, а не војна“, рече Алиев, додавајќи:

„Декларацијата од Шуша ги подигна нашите односи (со Туркије заб. ав.) на ново ниво, денес тие се на највисоко ниво. Сведоци сме на најактивниот период од нашите односи во сите области.“

Во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган започна изградбата на гасоводот од турски Игдир до азербејџанската ексклава Нахчиван.

Тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија започнаа во 1991 година кога ерменската војска го окупира Нагорно Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и уште седум соседни региони.

Есента 2020 година, Азербејџан ослободи неколку градови, села и населби од ерменската окупација во текот на 44-дневните судири. Војната заврши со прекин на огнот со посредство на Русија.

Тензиите меѓу двете земји, сепак, продолжуваат и покрај тековните разговори за долгорочен мировен договор.

Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан треба да се состанат на 5 октомври во шпанскиот град Гранада за да разговараат за потпишувањето на мировниот договор меѓу двете земји.

Туркије беше првата земја што го призна Азербејџан, кој ја прогласи својата независност во 1991 година. Нејзините односи со Баку се повеќеслојни и на стратешко ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Белград отворен Меѓународниот саем за оружје „Партнер 2023“

Следно

Пронајдено безживотното тело на 41-годишно лице од село Шишево

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop