Извршен вонреден надзор во КПД Идризово по наводите на осудениците Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп

September 25, 2023
1 min read

реклама



 Управата за извршување на санкции на 19 септември 2023 година изврши вонреден наздор во КПД Идризово со цел да се проверат наводите на осудените лица Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани по живот, рекет и уцени, соопшти денеска Министерството за правда. 

Јанко Јаневски, кој отслужува деветгодишна затворска казна, посочил дека имал уцени и закани по живот да врати 4.000 евра во рок од 24 часа. Управата за извршување на санкции, како што се наведува, изврши разговор со двајца припадници на затворската полиција кои тврделе дека биле измамени од Јаневски. Тој им побарал по 2.000 евра,  ветувајќи им  дека ќе бидат префрлени со работа во МВР.  Вкупната сума од 4.000 евра му ја исплатиле на негов пријател во трговскиот центар „Сити мол“. Командирите, како што се наведува, по извесен период сфатиле дека се измамени и настанот го пријавиле во ПС Кавадарци.

реклама

Службените лица од Управата разговарале и со осуденото лице Јанко Јаневски, кој појаснил дека никогаш не зел пари од припадници на затворската полиција, туку напротив, дека лично тој му давал пари на Киро Димов, припадник на затворската полиција.

– Осудениот Јаневски парите ги добивал од спортско обложување кое се организирало во установата и на неколку наврати му позајмувал пари на Димов. Потоа почнал да му се заканува преку осудени лица за враќање на долгот во рок од 24 часа. За наводите дека припадникот на затворската полиција земал пари од Јаневски, потврдиле и две други осудени лица, стои во соопштението.

реклама

Тони Денковски имал поплака дека му е нарушена безбедноста и дека има закани и уцени од страна на осудени лица и припадници на затворската полиција, за што е поднесена и пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција. Од разговорот со него, како што се наведува, тој не посочил конкретни имиња на осудени лица или припадници на затворската полиција поради што не можело да се проверат неговите наоди.

– За Денковски, во дневните билтени не е евидентиран некаков настан или физички напад на ова лице, а преземени се и мерки  за заштита на неговата безбедност, сместен е сам во соба и сам оди на прошетка. До денот на извршениот надзор осуденото лице Тони Денковски нема поднесено барање за преместување во друга установа, се вели во соопштението од Министерството за правда. 

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арапските племиња започнаа ослободителна операција против терористите на ПКК/ЈПГ на северот од Сирија

Следно

Гости од Словенија, Хрватска, Србија и Шпанија на второто издание на Фестивалот на детски театри „Игор Маџиров“

Latest from Blog

Почина легендата на Интер, Еваристо Бекалоси

На 69. годишна возраст почина легендарниот играч на тимот на Интер, Еваристо Бекалоси. Неговата здравствена состојба беше проблематична повеќе од една година откако доживеа удар во 2025 година. Тој ја има започнато

Комерцијална банка, НЛБ Банка и Македонски Телеком најтргувани; МБИ10 порасна за 0,09%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 06.05.2026, индексот МБИ10изнесуваше 9.964,01 поени, со дневен раст од 0,09%, односно 8,89 поени, додека

Божиновска: Интрадеј пазарот е клучен чекор кон зелена и конкурентна енергетика

Со официјалното започнување на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market), Македонија прави значаен исчекор кон целосна либерализација, модернизација и европска интеграција на електроенергетскиот пазар. Настанот, организиран од Националниот оператор на пазар на

ВЛЕН: Редот во Чаир ги нервира партијата од „Соравија“ и милионерите од Мала Речица

Скопје, 6 мај 2026 – Коалицијата ВЛЕН денеска излезе со остро соопштение во кое ја обвинува Демократската унија за интеграција (ДУИ) за, како што велат, „рециклирање на стари политички наративи“ и неспособност
Go toTop