Арапските племиња започнаа ослободителна операција против терористите на ПКК/ЈПГ на северот од Сирија

September 25, 2023
1 min read

ДЕИР ЕЗ ЗОР/АЗАЗ (АА) – Арапските племиња кои се под постојан притисок на терористичката организација ПКК/ЈПГ во северниот дел на Сирија, започнаа ослободителна операција во тој дел од земјата, јавува Анадолу.

Како што јавуваат локални извори, по двонеделен прекин повторно се интензивирани судирите меѓу арапските племиња на подрачјето на Деир ез-Зор и припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Арапските племиња во северна Сирија во раните утрински часови денес започнаа операција за ослободување, а интензивни судири се водат во селата Зијбен, Тајане и Мухамедије.

Терористичката организација премести голем број терористи на подрачјето зафатено со судирите, додека во населените места Сабха, Ебрехије, Бусаирије, Шахил, Багоз и Зибјан, кои претходно беа средишта на судирите, воведе забрана за излегување на улиците со цел да ја спречи побуната на Арапите.

Арапските племиња во ослободителните акции од 27 август до 13 септември на подрачјето на Деир ез-Зор, Рака и Хасека, како и во поширокото подрачје на Мунбич, ослободија 33 села од терористите. Меѓутоа, со цел спречување на цивилните жртви во контранападот на терористите, арапските племиња се повлекоа од овие села, согласувајќи се на преговори со Соединетите Американски Држави (САД).

Терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД, а под изговор „борба против ИСИС (ДЕАШ)“, го окупира Деир ез-Зор, кој е населен со арапско население.

Терористичката организација под присила регрутира малолетни Арапи во своите редови, во подрачјата што ги контролира.

Од нафтените бушотини на окупираното подрачје терористичката организација ЈПГ/ПКК, и покрај американските санкции, му продава нафта на режимот на Башар ал-Асад во Дамаск, од што се снабдува со средства за своите припадници, додека локалното население е лишено од секаков вид јавни услуги.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради нашето потфрлање се полнат гробиштата, деца растат ко сираци

Следно

Извршен вонреден надзор во КПД Идризово по наводите на осудениците Тони Денковски и Јанко Јаневски за закани, рекет, поткуп

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop