Приведен жител на Блаце, пренесувал поголема количина производи без документација

September 21, 2023
1 min read

реклама



Денеска (21.09.2023) во 00.20 часот кај место викано „Дупки“ во близина на државната граница со Косово, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Долно Блаце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода И.А.(42) од с.Блаце, општина Чучер Сандево.

Тој бил забележан како од патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, врши истовар на кутии.

реклама

По извршена контрола во возилото било констатирано дека во возилото има поголема количина различни производи за кои не поседува документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а со лицето бил извршен службен разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена пријава по член 278 од Кривичниот законик.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија: Спречени напади на украинската војска

Следно

Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop