Симеон Мони Дамевски: На ИФФК „Браќа Манаки“ ќе биде изработен „Манаки Манифест“

September 21, 2023
1 min read

Балканската конференција на кинематографери која ќе се одржи во Битола, за време на ИФФК „Браќа Манаки“ ќе промовира документ Манаки Манифест, изјави на прес конференција директорот на фестивалот Симеон Мони Дамевски.

Целта е, рече Дамевски, балканските кинематографери да подготват проглас што ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот.

За време на фестивалот во Битола ќе организираме неколку исклучително важни општествени настани. На 24. септември по отворањето на фестивалот ќе организираме тркалезна маса на која ќе учествуваат моќни кинематограферки од Австралија, Полска и други држави чиј основен мотив е да ги охрабруваат жените во Македонија да бидат кинематограферки. За жал кај нас имаше само две кинематограферки кои повеќе не се занимаваат со тоа. Вториот општествен настан е Балканската конференција на кинематографери кои ќе промовираат документ Манаки Манифест. Целта е балканските кинематографери да подготват проглас кој ќе биде испратен  до светската организација ИМАГО и кој ќе содржи барања за подобрување на условите за работа на кинематограферите во светот. Третиот настан е врзан со Меморандум кој ќе го потпишат сите киноприкажувачи, а со цел да се рашири кино-мрежата во Македонија и да се врати публиката во кината. На ИФФК Браќа Манаки ќе го промовираме и проектот „Битола град на амбасадорите“, а тоа значи одржување „Вечери на култура“ кои годинава ќе ги приредат амбасадите на Германија, Италија и Франција, истакна Дамевски.

Организаторите подготвуваат спектакуларно отворање на фестивалот и промоција на македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски.

Во периодот од 23 до 29 септември ќе бидат емитувани 79 филмови, а од странство ќе пристигнат 350 гости за кои е подготвена дополнителна програма во која се содржани работилници, изложби, кабаре и многу дружење во Битола.

Дополнителната програма ќе го поврзе фестивалот со локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата. На ваков начин се обезбедува интерсекторска соработка со интердисциплинарна програма, посочи Маја Ангеловска, координаторка за офф-програмата на фестивалот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведен жител на Блаце, пренесувал поголема количина производи без документација

Следно

Случајот Расел Бренд и глобалниот тоталитаризам

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една

Седлоски порача: Треба трпение, веќе не играме против Лихтенштајн и Андора, туку против Швајцарија, Шкотска и Словенија

Македонската фудбалска репрезентација синоќа загуби со 2:0 на гости во Љубљана од Словенија. Со овој резултат продолжи лошата низа на нашата репрезентација. Веќе 10 натпревари немаме победа, а повеќе од 600 минути

„Пајакот“ е екстрадиран во САД- терористот со години беше под заштита на претседателот на Колумбија

Џовани Андрес Рохас се соочува со обвиненија за трговија со дрога и тероризам во Соединетите Држави. Со години, тој беше портпарол и еден од водачите на Командос де ла Фронтера, бунтовничка организација
Go toTop