КЗБ препорачува задолжително носење маски во здравствените установи

September 20, 2023
2 mins read

реклама



Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство ќе му препорача задолжително да се користат маски во здравствените установи како превенција од ширење на Ковид-19, а сè уште се работи на утврдување дали е присутна  новата варијанта на вирусот ерин. Препораката, што е усвоена на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести, е само за во здравствените установи, и не се однесува за во аптеките или домови за стари лица.

– Тоа е со цел да се минимизира можност за пренесување на заразата во здравствените институции, таму каде што имаме особено ранливи групи, коишто можат да бидат подложни на тешка компликација како резултат на зараза со вирусот кај коишто може да се јави летален исход. Од тие причини Комисијата за заразни болести реши повторно да препорача до Министерството за здравство и до министерот да се побара задолжително носење на маските во здравствените установи, информираше д-р Злате Мехмедовиќ, претседател на КЗБ.

реклама

Комисијата за заразни болести сè уште нема дефинитивен резултат дали станува збор за варијантата наречен ерис. Од Институтот за јавно здравје добиле информација дека подолго време трае процедурата за собирање на материјалот бидејќи, има само мал број, 112 заболени со Ковид-19.

– Потребно е да се соберат релевантни количини на примероци, не само од регионот на Скопје туку и од останатите региони. Во наредниот се надеваме брзо, затоа што како што кажав мала е бројката на сите оние кои се позитивно тестирани. Очекуваме да добиеме детална информација за тоа колкав е бројот. Во Србија е потврден Ерис меѓутоа во Србија има значителен број на случаи коишто даваат поголема количина на инфективен материјал и може да се детектира во помали трагови, меѓутоа кај нас поради тоа што имаме мал број на случаи, еве споредено, во однос на август 2022 година кога имавме 12.300 случаи за август сега имаме само 112. Не може толку лесно да се собере инфективниот материјал којшто треба да се одработи, потенцираше докторот.

реклама

Во моментот има седум болнички лекувани, претежно пациенти коишто се во поодмината возраст коишто имаат придружни болести.

– Се на кислородна поддршка некои од нив што значи дека кај некои од нив може да се јави тешка форма на болеста. Апелираме препораките се особено повозрасните граѓани и оние коишто имаат пропратно и хронични болести да се вакцинираат. Да го бустираат својот имунитет, на располагање се 50 илјади вакцини коишто се од Министерството за здравство и само на тој начин навистина можат да бидат подготвени за наредниот период кога очекуваме раст на бројките. Не очекуваме да има драстичен раст како што имаше во текот на изминатите години но меѓутоа во период кога ќе растат бројките само преку вакцинација ќе може да си го заштитат својот имунитет, рече д-р Мехмедовиќ.

реклама

Иако во јавноста се шпекулира дека Ковид-19 сега често предизвикува дијареја и повраќање, според Мехмедовиќ искуствата од другите земји, како пример во Америка, покажуваат дека поретко се јавуваат тие два симптоми и нема губење на сетилото за мирис и за вкус

– Најчесто симптомите се поврзани со течење на носот, болки во грлото, покачена телесна температура и омалаксаност, многу наликува на секоја друга настинка. Многу ретко се заразат долните дишни патишта, останува како горнореспираторна зараза, така да нема голема разлика од останатите варијанти, истакна Мехмедовиќ.

Нема да има потреба за изолација на заразените било одлучено на состанокот. 

– Не препорачуваме изолација, не препорачуваме да се издаваат решенија за забрана за движење. Напротив ова ќе го третираме буквално како секоја друга болест којашто е ендемска како што е грипот. Препораките се доколку немате изразена симптоматологија и не ви е потребно боледување, ќе носите маска и со маска ќе може да се движите слободно дури и да бидете на работа, истакна Мехмедовиќ.

На состанокот е разгледана целокупната ситуација во државата и по однос на тоа каква е состојбата и со вакцинацијата, со бројот на вакцини кои се на располагање, со бројот и видови на лекови. Заклучокот е дека во моментов имаме доволно лекови и вакцини што може да се стават на располагање со цел третман на болеста.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Град Скопје избран од ЕУ за Европска престолнина на културата за 2028 година

Следно

Албанската опозиција ја отфрли идејата на Ахмети – Муртезани: Ќе настапиме со посебна листа

Latest from Blog

Димитриеска – Кочоска: Нови средства за општините, земјоделците и социјалната заштита со ребалансот на Буџетот

27 јули 2026 година, Скопје– Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на

Коњановски: Гласот на младите е клучен за иднината на Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска учествуваше и се обрати на завршниот мултипликативен настан во рамките на Еразмус+ проектот „GivEUvoice – Materializing Youth Voices Across European Spaces“, посветен на зајакнување на учеството

Општина Битола: Почнуваат „Илинденски денови“ – почеток во 18:30 часот од плоштадот „Магнолија“

Општина Битола и Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој се реализира во рамки на манифестацијата „Бит Фест“, ги покануваат битолчани и сите посетители на еден од највпечатливите и

Пирло нема да биде селектор на Италија, Малдини најавил оставка

ФОТО: FC Juventus/FB Андреа Пирло нема да биде назначен за селектор на италијанската репрезентација. Веста денеска ја објави „Скај Спорт“. Сите состаноци поврзани со раскинувањето на тековниот договор на тренерот и последователното

Витаминка донираше флаширана вода за граѓаните на Гостивар

Како одговор на актуелната криза со водоснабдувањето во Гостивар, Витаминка испорача донација од околу 23 тони флаширана вода, наменета за граѓаните кои се соочуваат со недостиг од безбедна вода за користење. Откако
Go toTop