ДУИ: Внатрешната битка во ВМРО-ДПМНЕ меѓу оние кои се залагаат за ЕУ и оние кои се за изолација се одвива на грбот на државата

September 20, 2023
1 min read

реклама



Демократската унија за интеграција денеска преку партиско соопштение порача дека будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат во битката меѓу интеграција и изолација.

-Оваа внатрешна битка меѓу силите во ВМРО кои се залагаат за интеграција на земјата во Европската Унија и оние кои претпочитаат изолација се одвива на грб на државата и нејзините граѓани, но и преку злоупотреба на институциите, процесите во земјата, како и политичките партии и партиските лидери, нагласува ДУИ.

реклама

Од партијата посочуваат дека партискиот лидер Али Ахмети во последното интервју говорел за преговарачкиот процес во Пржино и средбите со г-динот Заев и г-динот Груевски на тема надминување на состојбите преку процесот на вистината и помирувањето.

-На овие средби на лидерите во Клубот на пратеници, кои се одржани со знаење на меѓународната заедница и партиските раководства, беше формирана работна група во состав: Оливер Спасовски, Никола Тодоров и Артан Груби, се наведува во партиското соопштение.

реклама

ДУИ нагласува дека измените во Кривичниот законик првично биле побарани од страна на ВМРО-ДПМЕ пред уставните измени за Договорот од Преспа.

-Потоа, Кривичниот законик беше барање и на новиот претседател на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на лидерските и билатералните средби, но по неговото оддалечување од поранешното раководство на ВМРО- ДПМНЕ и покрај согласувањето на СДСМ, тој се повлече од ова барање. Ниту државата, ниту граѓаните, ниту медиумите, ниту Американците и Европејците, ниту СДСМ и ДУИ не се непријатели на ВМРО- ДПМНЕ, туку сите прогресивни сили во државата се залагаат ВМРО да се откаже од својата изолационистичка политика и да станe дел од европска Македонија, истакнуваат од ДУИ. 

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Руската Амбасада во Сеул негира воена соработка со Северна Кореја

Следно

Терористите на ПКК/ЈПГ, кои ги поддржуваат САД, продолжуваат со киднапирање и злоупотреба на деца

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop