Терористите на ПКК/ЈПГ, кои ги поддржуваат САД, продолжуваат со киднапирање и злоупотреба на деца

September 20, 2023
1 min read

АЗАЗ (АА) – ОМЕР КОПАРАН/МЕХМЕТ БУРАК КАРАЏАОГЛУ –

Иако терористичката организација ПКК/ЈПГ на западните земји им даде фиктивни уверувања за „децата борци“, и понатаму продолжува со терористичката пропаганда кон младите маси преку децата кои веќе се врбувани и киднапирани од нивните семејства, јавува Анадолу.

Ферхат Абди Шахин, со кодно име „Мазлум Абди“, е еден од водачите на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кој во јуни 2019 година ја посети Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) во Женева и потпиша документ во кој се наведува дека таа терористичка организација повеќе нема да користи деца за своите акции.

Меѓутоа, терористичката организација, која е поддржана од САД, продолжува да споделува фотографии на социјалните мрежи од многу деца, облечени во терористичка камуфлажна униформа, со оружје во камповите.

Поголем број деца, киднапирани и одземени од своите семејства или врбувани преку пропагандни активности и одведени на вооружен обука, загинаа во терористичките акции на терористичката организација ПКК/ЈПГ.

Терористичката организација споделува и фотографии од мртви деца и пропагандно претставува дека тоа е нормална и позитивна работа.

Специјалната претставничка на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за децата во вооружените конфликти, Вирџинија Гамба, се состана со водачот на терористичката организација ПКК/ЈПГ, Ферхат Абди Шахин, со кодно име „Мазлум Абди“, во Канцеларијата на ОН во Женева на 29 јуни 2019 година и на церемонија потпиша акционен план кој предвидува ставање крај на практиката на носење деца во терористичките кампови за обука и користењето на тие деца во акции. Туркије испрати протестна нота до ОН поради приемот на челникот на терористичката организација.

Во извештајот објавен на 16 јануари 2020 година, Советот за човекови права на ОН наведе дека терористите на ПКК/ЈПГ користат деца како борци во Сирија.

Регрутирањето деца од страна на терористичката организација ПКК/ЈПГ за борба беше во агендата и на „Извештајот за трговија со луѓе за 2020 година“, објавен од американскиот Стејт департмент на 26 јуни 2020 година.

„ЈПГ продолжи присилно да регрутира и да користи дури и 12-годишни девојчиња и момчиња од бегалските кампови во северозападна Сирија“, се наведува во извештајот.

Во годишниот извештај „Децата во вооружените конфликти“, објавен од ОН за периодот јануари-декември 2022 година, се наведува дека терористичката организација ПКК и нејзините сириски ограноци СДГ (СДФ) и ЈПГ користеле повеќе од 1.200 деца како „војници“.

Во извештајот се наведува дека сирискиот огранок на ПКК, СДФ, регрутирал 637 деца, а други структури поврзани со ПКК/ЈПГ и СДФ регрутирале 633 деца.

Генералниот секретар на ОН, Гутереш, чии ставови се вклучени во извештајот, изрази длабока загриженост поради користењето на децата како војници од страна на ЈПГ/ПКК.

„Ги повикувам да престанат да ги користат децата како војници и за различни цели, и да ги ослободат сите деца од нивните редови“, порача Гутереш.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДУИ: Внатрешната битка во ВМРО-ДПМНЕ меѓу оние кои се залагаат за ЕУ и оние кои се за изолација се одвива на грбот на државата

Следно

Приведен кумановец, управувал возило со украдени таблички

Latest from Blog

Екс капитенот на Хајдук ќе игра за Гремио

Филип Кровиновиќ, еден од капитените на Хајдук до неодамна ќе игра во шампионатот на Бразил, за легендарниот тим на Гремио. Изненадувачкиот трансфер одекна како бомба во јавноста во Хрватска, затоа што реално

Драма во САД: Уапсен е син на познат тренер, откако си ја застрелал мајка си

Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната

Милошоски побара поддршка од Шпанија за деблокада на евроинтеграциите

Членовите на собраниската Комисија за европски прашања, предводени од претседателот Антонијо Милошоски, денеска се сретнаа со државниот секретар за Европската Унија на Кралството Шпанија, Фернандо Маријано Сампедро Маркос. Како што соопшти собраниската

Избран е најубавиот гол на Мундијалот (ВИДЕО)

Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и

Поранешниот претседател на Хондурас се врати дома- клекна на пистата и се помоли (ВИДЕО)

Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави
Go toTop