Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

September 19, 2023
1 min read

реклама



Во Скопје попладнево се одржа протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд, а заврши пред зградата на Судски совет. Таму, претставници на синдикатот имаа средба со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Меѓу барањата на синдикатот се и зголемување на платата за 78 проценти од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет.

реклама

Јасмина Величкова, претседателка на Независниот синдикат на судска администрација, информираше дека биле на средба со Георгиев за да ги искажат барањата и како што посочи, наишле на разбирање.

Георгиев во изјава за медиумите по состанокот рече дека очекуваат разбирање од министерот за финансии.

реклама

  • Го повикувам министерот за правда да биде дел од нас, да успееме. Ја имаат мојата поддршка. Да ги решаваме проблемите. Сум на располагање, заедно можеме многу повеќе. Се надевам на резултати во скоро време. Дали ќе се успее, зависи од Министерството за финансии. Ги повикувам сите релевантни надлежни фактори, да пристапат кон решавање на оваа проблематика, бидејќи ќе има последици ако судството бојкотира. Да гледаме оптимистички, сега со ангажирање на медијатор, дека ќе се најде разбирање, подвлече претседателот на Судскиот совет.

Тој апелираше исто така и за нови вработувања во судството на испразнети места, не само по основ на пензионирање, туку и поради заминувања од најразлични, други причини.

На протестот беа побарани правата за достоинствена плата, поради, како што беше кажано, високиот степен на одговорност што го имаат службениците во судовите. Ќе продолжат протестите пред судовите од девет до десет часот, додека траат преговорите.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гутереш вели дека глобалното владеење е заглавено во времето, бара реформи пред Генералното собрание

Следно

Ковачевски – Лајчак: Со следниот чекор, Северна Македонија да го задржи европскиот курс

Latest from Blog

Сега во прашање се часови: ПСЖ пред промоција на херојот на Шпанија + уште еден фудбалер

Крилниот напаѓач на Шпанија и Барселона, Феран Торес, и белгискиот крилен напаѓач на Ајакс, Мика Годес, моментално се во Париз, каде што се подложени на медицински прегледи пред нивниот трансфер во Пари

Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати

Земјотресот го погоди подрачјето во близина на островот Флорес во 5:58 часот по локално време, на длабочина од околу 10 километри, а епицентарот беше 68 километри северозападно од градот Енда во покраината

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година
Go toTop