ПОЧИНА СЦЕНОГРАФОТ И АРХИТЕКТ КРСТЕ С. ЏИДРОВ-ЏИБИ

September 3, 2023
2 mins read

Крсте С. Џидров, еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, скопска легенда познат по прекарот Џиби, почина денеска, објави семејството. Имаше 73 години.

„Нема македонски театар каде не сум работел“, кажа Џидров во разговорот за САКАМДАКАЖАМ.МК во 2018, кога славеше 35 години активна театарска дејност, а јубилејот беше обележан со ретроспективна изложба на Млад отворен театар (МОТ). Во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 96 паноа ги изложи педантно собираните сценографии, цртежи, скици и фотографии, скици и макети од претставите и филмовите кои ги работел од 1970-те сѐ до денес. Во 2021 ја доби наградата за животно дело на 55. Македонски театарски Фестивал „Војдан Чернодрински“.

Од 1980 година има направено сценографии за над 150 претстави во театрите низ Македонија, Хрватска, Косово, Србија, Шведска, Бугарија, Бих, платаи за 70 претстави, сценографии за 10 филмови, имал голем број изложби и добил повеќе награди. Соработувал со 41 режисер, меѓу кои се Владимир Милчин, Димитар Станкоски, Коле Ангеловски, Слободан Унковски, Дритро Касапи, Зоја Бузалковска, Благојче Божиновски, Примож Беблер, Бесфорт Идризи, Рефет Абази, Дино Мустафиќ, Софија Ристевска, Катја Петрова, Куштрим Бектеши, Ујвидеки Синхаз, Срѓан Јаниќијевиќ и Александра Ковачевиќ.

На 10-годишна возраст бил член на детската радиодрама, во време кога ѕвезди биле Љупка Димитровска, Коле Ангеловски, Владимир Дади Ангеловски, Наум Пановски, Димац Митковски. За време на студиите на Архитектонскиот факултет, Џидров се вклучува како актер во аматерскиот, кој станал култен театар, Театар кај Свети Никита Голтарот, кој во 1970 година го основале Владимир Милчин, Слободан Унковски и Мартин Панчевски. Театарот го добил тоа име бидејќи првата претстава ја подготвиле во манастирот „Свети Никита“ на Скопска Црна Гора и за да станат актрактивни, бидејќи работеле без пари, се нарекле Голтари. Во 1971 година, Милчин и Унковски во Скопје ја направиле претставата „Скици од преданието Каинавелско“ по мотивите на Славко Јаневски.

Неговата приказна со сценографијата почнува заедно со Симон Узуновски, со кого биле колеги од факултет, кога Милчин во 1982 година ги повикал првпат да работат во професионален театар, и во Театарот на народностите – Албанска драма ја направиле претставата „Бовча“.

„Тоа веќе беше друго искуство, просторот е поинаков, ти наметнува сериозност. Двајцата бевме поинакви во однос на претходните сценографи, кои беа сликари, уметници и користеа поинакви материјали. Ние не користевме сликарска техника, сѐ беше од готов материјал кој се обликува за потребата. Порано ако на сцената требало да има дрво, се цртало дрво, а ние носевме дрво, па камења од река. Тогаш луѓето беа малку како збунети од тоа, а потоа на Македонскиот театарски фестивал ‘Војдан Чернодрински’ добивме и награда, затоа што бевме необични и иновативни“, кажа тогаш Џидров во нашиот разговор.

Со Узуновски потоа заедно работеле на 15-тина сценографии, а десеттото издание на МОТ се отворило токму со нивна заедничка изложба. Џидров работел и на последната претстава што ја режирал Илија Милчин, а неостварена му останала соработката со Петре Прличко.

Џидров од 1980 до 2004 на повеќе позиции работел во АД „Алумина“, каде бил главен проектант сѐ до стечајот во 2004.

„За мене е врзана анегдотата дека сум викенд сценограф. Бидејќи од 6 наутро до до 14 часот бев во фабрика, а потоа до крајот на денот и за време на викенди сум сценограф“, ни рече тој.

Џидров тогаш кажа и дека е многу среќен што во неговата кариера се појавиле и офф театри, полуаматерски, аматерски и професионални театари и со колем ќеиф говореше за Детскиот театарски центар, кој во 1999 го основаа заедно со Бајруш Мјаку, Рефет Абази и Дритро Касапи.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсенал во финишот со два гола го скрши Јунајтед

Следно

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево

Latest from Blog

Каков е животот во најрелаксираниот град во светот?

Холандскиот град Ајндховен е прогласен за најрелаксиран град за живеење во светот. Според анкетата спроведена од компанијата за дигитални финансии „Ремитли“, овој потценет европски град е прогласен за најрелаксирано место за живеење

Мистериозна ЖЕНА ВО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Бетис му покажа на Хетафе кој е кој!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Одличен Бетис и убедлив триумф со 4:0 вечерва на свој терен против Хетафе во меч од 17.коло во Ла Лига. Бетис со оваа победа сега има 28 бода

Левандовски влезе во КЛУБОТ 500! (ФОТО)

Фото: ФЦ Барселона/Твитер Уште еден доказ дека станува збор за еден од најдобрите напаѓачи во светот во последните 15 годиини. Имено напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски, го запиша својот 500-ти натпревар во

Откажани се вкупно 20 летови: Најнови информации од Скопскиот аеродром, важна вест за патниците

Од 00:00 часот на полноќ до 20 часот, денеска 21 декември 2025 година, на Меѓународниот Аеродром Скопје, поради намалена видливост предизвикана од магла, состојбата со авиосообраќајот е следна: -Слетаа 13 авиони, од:
Go toTop