Битиќи и Деспотовски во Франкфурт на потпис на договор за инвестиција на БМЗ во Северна Македонија 

September 3, 2023
1 min read

реклама



Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски денеска заминуваат во посета на Франкфурт, по повод потпишувањето на договор за инвестиција на германската компанија за напредни батериски системи БМЗ во Северна Македонија.

Договорот ќе биде потпишан утре во седиштето на компанијата од извршниот директор и основач на БМЗ Свен Бауер и од директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Деспотовски, во присуство на вицепремиерот Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија.

реклама

Антје Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори, во мај годинава најави дека компанија за напредни батериски системи ќе биде следната германска инвестиција во државава, информирајќи дека ќе стартува како браунфилд, на постоечки објект, по што ќе инвестира во нов капацитет.

– Тоа е компанија која произведува батерии за мопеди, тротинети и други помали производи од индустријата. Бидејќи им се брза и сакаат што поскоро да започнат со производство, инвестицијата ќе биде браунфилд, што значи дека ќе превземат некоја постоечка фирма која има готов објект, а потоа ќе одат на гринфилд инвестирање, најави Ванделт.

реклама

Битиќи и Деспотовски во Франкфурт ќе учествуваат на тркалезна маса со германски стопанственици пред кои ќе го претстават инвестицискиот потенцијал на Северна Македонија.

Според истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК) и Македонско – германското стопанското здружение, објавено во јуни годинава, 80 проценти од постојните германски инвеститори повторно би инвестирале во државава.

реклама

Во анкетата, спроведена во февруари и март годинава со учество на 45 од вкупно 150 членки на здружението, 80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава.

Германија е првиот од петте трговски партнери на Северна Македонија според вкупниот обем на надворешно-трговската размена. Размената лани достигна 4,8 милијарди евра.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илјадници евакуирани во Тајван поради тајфунот Хаикуи

Следно

Фото: ФК Вардар со кучиња од ЈП Лајка

Latest from Blog

Трамп се огласи за барањето за помилување на Линдзи Кленси, која си ги уби трите мали деца

Доналд Трамп го прекина молчењето во недела, 13 септември, откако адвокатот на Линдзи Кленси јавно го повика да интервенира во нејзиниот случај, вклучително и барање за помилување кое претседателот нема овластување да

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар
Go toTop