3.000 првачиња во Македонија се израдува на пакетчиња и Бонтон за деца од Халкбанк

September 1, 2023
2 mins read

реклама



Скопје, 1 септември: Пакетче со основен прибор и Бонтон за деца добија 3.000 првачиња од седум општини од Македонија на првиот училиштен ден. Акцијата „Среќно прваче“ која стана традиција на Халкбанк АД Скопје и нивниот симбол на детското штедење, Халки, годинава израдува дечиња во Гевгелија, Прилеп, Охрид, Дебар, Битола, Центар и во Богданци. Илустрираниот Бонтон за добро однесување ќе им помогне на првачињата полесно да се прилагодат на новата средина, која отсега ќе биде нивни втор дом. „Децата и нивниот правилен развој се клучни за иднината на заедницата во која сите живееме“, велат од Халкбанк.

Веќе петта година во општина Центар се спроведува проектот „Среќно прваче“.

реклама

Секое прваче добива основен училиштен прибор и Бонтон наменет за деца, вели Јагода Јанковска, од Одделението за образование при Општина Центар.

-Доброто однесување е столб за квалитетното образование. Соработката помеѓу општина Центар и Халбанк АД Скопје е пример како треба заеднички да се грижиме и соработуваме за доброто на децата и нивниот развој – смета Јанковска.

реклама

Неизмерно сме радосни што уште една генерација дечиња ќе имаат можност на овој 1 септември да ја збогати својата колекција на книги и сликовници со ова вредно издание „Бонтон за деца“, како и училиштен прибор на кој децата секогаш се радуваат, вели Андон Сарамандов, градоначалник на Гевгелија.

-Денес, се чини повеќе од неопходно ни е да нашите дечиња да им помогнеме да ги совладаат правилата на убавото однесување, воспитување, а ваквите изданија се всушност и семејни изданија, оти сите нè потсетуваат на вредностите што понекогаш ги забораваме. Сметам дека само со ваков вид на соработка помеѓу општествено-одговорни компании и локална самоуправа, како што е проектот ,,Среќно прваче”, можеме да направиме подобри генерации млади во нашата држава.

реклама

Првоодделенци од Прилеп годинава станаа дел од проектот „Среќно прваче“.

-За првоодделенците, најсреќните дечиња на 1 септември, првата учебна година е многу важна. На денот кога влегуваат во нова епизода од нивното детство, ние возрасните имаме обврска да им помогнеме и да направиме се’ за почетокот на основното образование им биде што попријатно, возбудливо, радосно. А децата сакаат подароци. Чест ни е што и општина Прилеп е избрана меѓу седумте општини во Македонија, како дел од проектот ,,Среќно прваче”, во кои ќе стигне училиштен прибор и убавата книга „Бонтон за деца“, на што убеден сум дека и семејствата на нашите првачиња ќе се радуваат. Заедно навистина сите можеме да направиме големи работи. И благодариме на Халкбанк АД Скопје што нескромно се вложува во подоброто образование на нашите деца – изјави прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

Иницијативата „Среќно прваче“ прераснува во традиционален настан како една од многуте општествено-одговорни активности на Халкбанк АД Скопје. Секоја година на 1 септември се спроведува во повеќе општини во Македонија преку која децата се едуцираат на непосреден и креативен начин. 3.000 првачиња добиваат основен прибор за во школо и Бонтон кој содржи корисни совети како треба да се однесуваат на училиште, како да се однесуваат кон своите другари, да развиваат емпатија и да им помагаат на другите, да се грижат за инвентарот, за училишниот двор, за личната и заедничката хигиена. Преку богатите илустрации низ Бонтонот ги носи слончето Халки, симболот на детското штедење на Халкбанк.

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка и една од петте најуспешни банки во Македонија. Таа е значајна и како компанија која има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики. „Среќно прваче“ е една од овие иницијативи.

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Шест загинати, осум повредени во ракетен напад на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија

Следно

Филмскиот караван на Кинотека не запира: Септември поинтензивен и по квантитет и по содржина

Latest from Blog

Трагедија кај Луштица: Девојка од Србија се удави додека се фотографирала

Во четвртокот попладне, во морето кај Луштица, екипи на рониоци и припадници на поморската единица неуспешно се обидуваа да го пронајдат и извадат телото на млада девојка од Србија. Девојката од Врњачка

Астероидот Рјугу содржел повеќе вода отколку што научниците сметаа дека е можно

Примероците собрани од астероидот Рјугу укажуваат дека тој во далечното минато содржел вода во многу поголеми количини, отколку што досега, научно, се сметаше дека е можно, што покажува дека слични вселенски тела

Филипче СЕ ИЗРЕЗИЛИ, Мицкоски професорски го поучи дека тој не е оној кој „ДОЗВОЛУВА“ декласификација на документи

По кој знае кој пат, продолжувајќи го лажниот и веќе патетичен наратив на СДСМ, нивниот прв човек Венко Филипче, очигледно збунет мислејќи дека ова е времето кога неговиот ментор Заев „палеше и

ВЛЕН: ДУИ го жртвуваше спикерското место за власта и Соравиа

Партијата ДУИ во одделот 161 на Парламентот се откажа од позицијата на Претседател на Собранието, во обид да ја зачува својата „Соравиа“ и долгогодишното корупциско влијание, пишуваат политички извори. Декларацијата на партнерот
Go toTop