ЗБИРКАТА ФОНД 580 „БРАЌА МАНАКИ – БИТОЛА 1853-1964“ ПРОГЛАСЕНА ЗА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ОД ОСОБЕНО ЗНАЧЕЊЕ

August 30, 2023
1 min read

Збирката на движно културно наследство Фонд 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“, која се наоѓа во Битолското одделение на Државниот архив на Македонија, е прогласена за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, соопшти Министерството за култура. Владата донесе одлука со која на оваа вредна збирка ѝ е овозможено трајно зачувување во изворна состојба, се обезбедуваат поволни услови за опстанок на исклучителната документација и задржување на сите податоци што ги носи со себе како сведоштво.

Збирката Фонд 580 „Браќа Манаки-Битола 1853-1964“ содржи документација, фотодокументација и предмети од професионалниот живот на браќата Милтон и Јанаки Манаки или вкупно 1.253 архивски единици документација со 3.867 листови; 7.041 фотографии позитиви (хартиени копии); 6.702 стаклени негативи (4.951 заведени со описи, 1.751 заведени без описи); 1.071 рол филмови; 2.087 план филмови; 49 единици фото и кино опрема; 1.364 страници научно-информативно средство.

Во оваа импозантна збирка  е и џебниот мобилен фотоапарат што пред повеќе од сто години го користеле браќата фотографи Манаки. (Фото: СДК.МК)

Во образложението на Одлуката се истакнува: „Збирката поради својствата како автентичност, реткост, репрезентативност, разновидност, интегралност, зачуваност, старост, втемеленост и припадност, како и заради критериумите уникатност, исклучителност, впечатливост, влијателност, поврзаност и висок степен на автентична зачуваност е сведоштво за едно време кое е од поширок интерес за проучување на мултикултурната балканска демографска структура општествено економските и културно историските прилики од регионална и европска важност“.

„Високиот степен на заштита овозможува ширење на сознанијата за вредностите и значењето на Збирката и за нејзината улога во културната идентификација, а се спречуваат и секаков вид дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање“, соопшти Министерството за култура.

Во оваа импозантна збирка покрај првата камера на Балканот „Камера 300“ се наоѓа и џебниот мобилен фотоапарат што пред повеќе од сто години го користеле браќата фотографи Манаки.

„Со прогласувањето на Збирката на браќата Манаки за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење, овие над илјада и двесте артефакти добиваат режим на заштита од прв степен, што значи дека доброто ќе добие трајна заштита и систематизација што ќе овозможат едукативна програма за општествено-социолошки, културни и историски теми, нејзина дигитализација и можност за истражувачки, публикациски и други репрезентативни потреби кои вклучуваат јавно користење и достапност на доброто“, вели Министерството.

Одделението во Битола на Државниот архив, ќе овозоможи поголема вклученост на јавноста и меѓународна афирмација на богатото културно наследство содржано во оваа збирка.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зејди: Доколку ААА излезе сама на избори, ќе згасне како партија, реагираше Алити: Често прави предвидувања, но секогаш греши

Следно

Ковачевски за „Европа со повеќе брзини“: Оние што се побрзи во своите реформи, тие први ќе влезат во 2030 година во ЕУ

Latest from Blog

Дурмиши: Мерките имаат ефект кај граѓаните – СДСМ: Кошницата е измама на Мицкоски, производите се со повисоки цени

Какви се ефектите откако измина една недела од спроведувањето на акцијата наречена Новогодишна кошничка и дали со неа има реално намалување на цените. Министерот за економија Бесар Дурмиши во интервју за Радио

СДС е заробена во минатото, слоганот од Шарената револуција „нема правда нема мир“ го заменија со „правдата избега“

СДС наместо смислуваат приказни и нон сенс соопштенија, кои се неболузни и надвор од здравиот разум подобро би било да се позанимаваат со причините зошто ги снема на политичката мапа и рејтингот

Патот кон Галичник е непрооден три недели

Галичник три недели отсечен од светот. Проблемот со електричната енергија и уличното осветлување во меѓувреме е решен, но патот Маврово-Галичник сè уште е непрооден, а според активните сообраќајни законски норми станува збор

Омерагиќ: Милевски останува селектор

Македонската фудбалска репрезентација со актуелниот селектор Благоја Милевски ќе ги почне мартовските квалификациите за пласман на Светското првенство 2026. Ова доаѓа откако новоизбраниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) Масар Омерагиќ
Go toTop