Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите од Белград дадоа два гола за пресврт и водство од 2.1, но Лугано не се предаде и домаќините со два погодоци во финишот стигнаа до победа од 3:2.
Голот со кој Црвена ѕвезда израмни на 1:1, Гаштаров направи одличен потег и прецизно додаде до Елшник кој ја затрее мрежата на Лугано за нерешен резултат по првото полувреме.
Во второто полувреме Црвена ѕвезда стигна до предност од 2:1, а интересно е дека откако во 78 минута кај Лугано влезе Езџан Алиоски, следуваше пресврт на домаќините. Лугано израмни на 2:2 во 84 минута, а со гол од пенал во 90 минута преку Гргиќ стигна до победа од 3:2.
Во втората пресметка во која имаше македонски репрезентативци, Панатинаиос со 2:1 славеше над Борец Бања Лука. Напаѓачот Растодер влезе во игра во 80 минута за Панатинаикос, додека кај гостите цел меч го одигра Херера, додека голманот Шишковски беше резерва во тимот од Босна и Херцеговина.
Извор: sportmanija.mk

