Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото следната година. Тотенхем покажуваше интерес за неговите услуги и во изминатиот летен преоден рок, но тогаш Ридигер потпиша едногодишно продолжување на соработката со Реал.
Лондонскиот клуб веќе размислува за следното лето, кога би можел да го ангажира германскиот стопер без да плати обештетување. Тоа би му овозможило да му понуди и подобри лични услови.
Сепак, Тотенхем има конкуренција, бидејќи наводно Ридигер има и понуди од Саудиска Арабија.
Ридигер досега одигра 187 натпревари за Реал Мадрид, а претходно настапуваше за Челзи, Рома и Штутгарт. За репрезентацијата на Германија забележа 86 настапи и постигна три гола, пред да се повлече од националниот тим во септември 2026 година.
Извор: sportmanija.mk


