Хрватска: ЕУ ќе ги започне преговорите за членство со БиХ до крајот на 2023 година

August 29, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Пристапните преговори меѓу Европската Унија и Босна и Херцеговина (БиХ) се на пат да започнат кон крајот на оваа година или почетокот на 2024 година, изјави првиот човек на хрватската дипломатија, Гордан Грлиќ Радман, јавува Анадолу.

„Можеме да очекуваме почеток на пристапните преговори меѓу Босна и Херцеговина и ЕУ, ако не до крајот на оваа година, што би било најдобро, тогаш сигурно на почетокот на следната година“, истакна Радман на Бледскиот стратегиски форум што се одржува во Словенија.

Босна и Херцеговина доби кандидатски статус изминатиот декември. Како што рече Грлиќ Радман, тоа испраќа силна порака, и додаде дека земјите од Западен Балкан можат да постигнат значителен напредок до 2024 година.

Вчера, во обраќањето на форумот, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ја повтори посветеноста на Блокот за проширување кон земјите од Западен Балкан до 2030 година, истакнувајќи дека ЕУ треба да биде подготвена за нови членки.

Дводневниот форум што се одржува во живописниот алпски амбиент на Бледското Езеро, е форум на претставници на политичкото, деловното и граѓанското општество од Централна и Југоисточна Европа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Serial i vlerësuar nga kritika, Poker Face, shfaqet nga 15 shtatori ekskluzivisht në SkyShowtime

Следно

Француски војник убиен во антитерористичка операција во Ирак

Latest from Blog

Подобро управување со водните ресурси: Битола дел од меѓународен проект

Битола како и други општини од земјава, регионот и пошироко се соочува со проблеми во водоснабдувањето, особени во руралните области, каде е потребно обезбедувањето еднаков пристап до безбедна и сигурна вода за

ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата. Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу

Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава

Времето во четврток, 26 февруари, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарјето повремено засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Температурите
Go toTop