СДСМ: Заради криминални дејствија на ДПМНЕ, државата се соочува со плаќање оштети од стотици милиони евра

August 28, 2023
1 min read

реклама



„Скапи и долгорочни се штетите што ДПМНЕ ги стори со неколкугодишното криминално владеење на Град Скопје.

Заради проектот „Шпански Скали“ дел од мегакриминалниот проект Скопје 2014 државата се наоѓа пред меѓунардона арбитража, каде тужителот побарува оштета од најмалку 130 милиони евра.“, вели Љубица Јанева , координаторка на советничка група на СДСМ на Град Скопје.

реклама

„За овој проект пред домашните судови се води кривична постапка, каде еден од обвинетите е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Свои побарувања има и италијанската компанија ФЛЦ Амбиенте, за партнерството во ЈП Дрисла кое пропаднало по неколку пресуди на Управниот и Вишиот управен суд.

реклама

Идеен на творец на поништениот тендер е поранешниот градоначалник на Град Скопје од редовите на ДПМНЕ, Коце Трајановски.

Ете што значи владеењето на ДПМНЕ со главниот град – колапс на услугите, безидејност и криминални тендери поради кои државата со години е заглавена во судски лавиринти.

реклама

Наместо на проекти и развој, државата троши милиони евра за одбрана на нејзините интереси пред меѓународните судови.

Така владееше ДПМНЕ со Скопје, така владее и денес. Нема проекти, нема развој, нема функционални градски институции, но затоа има криминални тендери и кавги за тоа кој ќе срка од медот.“, вели Јанева.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Властите на Нигер ја прекинале испораката на струја и вода за француската амбасада

Следно

Четворица мигранти загинаа при потонување на чамец близу грчки Лезбос

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop