Маричиќ по средбата со Мишел: ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме сите на обврските

August 27, 2023
1 min read

реклама



ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори, порача вицепремиерот Маричиќ по средбата на македонската делегација, предводена од премиерот Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека имале значаен и отворен разговор со Шарл Мишел, низ кој било потврдено дека интеграцијата на Западен Балкан за Европската Унија е важна и дека тоа останува нејзин стратешки приоритет.

реклама

– Наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива. Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ, вели Маричиќ.

Во продолжение целиот статус на вицепремиерот за европски прашањаМаричиќ:

реклама

„ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори.

Пред почетокот на Бледскиот стратешки форум со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, имавме многу отворен и значаен разговор.

реклама

За Европската Унија важна е интеграцијата на Западен Балкан и тоа останува нејзин стратешки приоритет, наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива.

Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ.

Веќе направивме напредок во евроинтеграциите и ја интензивиравме соработката со ЕУ, кои во Северна Македонија гледаат кредибилен партнер и држава која треба да биде дел од европското семејство.

Континуираниот дијалог со претставниците на ЕУ дава добар сигнал и порака дека ова е можност да изградиме заедничка европска иднина.“

реклама



EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Премиерот Ковачевски присуствуваше на работна вечера во организација на премиерот на Словенија, Роберт Голоб

Следно

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна
Go toTop