Началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Ѓурчиновски, во посета на Словенија

August 25, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во придружба на амбасадорот на Северна Македонија во Словенија, Горан Милевски, и командантот на Командата за операции, бригадниот генерал Бесник Емини, денеска во Межица, Словенија, ги посетија припадниците на Армијата кои се ангажирани во справувањето со последиците од поплавите, пренесува Анадолу.

Според соопштението на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, на средбата со припадниците на Армијата на Северна Македонија, на која присуствувал и началникот на Генералштабот на словенечката Армија, генерал-потполковник Роберт Главаш, од страна на генералот Ѓурчиновски им било искажано признание за покажаната професионалност и залагање при извршувањето на дадените задачи во расчистување на теренот и санирање на последиците од катастрофалните поплави.

„Притоа, генералот Ѓурчиновски на нашите армиски припадници им порача дека со несебичниот и безрезервен ангажман во вакви критични ситуации тие ја претставуваат во најдобро светло не само Армијата туку и татковината. Тој го истакна и значењето на партнерството и солидарноста помеѓу двете армии кои се резултат на одличните меѓусебни релации, но и на сојузништвото во рамки на НАТО, преку чиј механизам за помош и поддршка при кризни ситуации беше спроведен ангажманот на нашите припадници“, се вели во соопштението.

Генералот Главаш во своето обраќање исто така изрази признание, но и благодарност за ангажирањето и извршените работни задачи, што претходно беше искажано и при поставувањето на мостот во Межица.

За време на престојот во Межица, генералот Ѓурчиновски, амбасадорот Милевски и генералот Емини обиколија дел од местата каде што во досегашниот период се ангажираа нашите армиски припадници.

„На денешната средба беше соопштено дека за два дена македонскиот контингент ќе се врати во Република Северна Македонија, благодарејќи на експедитивноста и исполнување на сите задачи согласно со Планот за ангажирање на земјата домаќин за санација на најкритичните места и места од витално значење“, се наведува во соопштението.

Сто припадници на Армијата на Северна Македонија се ангажирани за помош во справувањето со последиците од поплавите во Словенија во Межица, Чрна на Корошкем, Жерјав и Превалје, при што извршуваа повеќе задачи во расчистување на наносите од поплавите во витални објекти, спортски игралишта, улици, дом на културата, приватни сместувачки капацитети, но и при поставувањето мостови.

„За периодот на нивниот ангажман кон нив беа изразени пофални зборови од военото раководство на словенечката Армија, но и од страна на министерката за информатичко општество Емилија Стојменова Дух. Во армискиот состав се припадници од повеќе потчинети единици од Командата за операции и логистичката база, меѓу кои најголем број од Вториот пешадиски баталјон и Извидувачко-разузнувачкиот баталјон, но и специјалистички тимови од инженерци за ракување со инженериски машини, лекари и болничари, припадници од единицата за АБХО“, се додава во соопштението.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

„ДОСТА НЕ ТРУЕВТЕ“: Протест пред Дрисла – граѓаните велат депонијата нема услови за работа

Следно

Финска го одобри 18. пакет помош за одбраната на Украина вреден 98 милиони евра

Latest from Blog

Нов скандал во Италија: Бастони под истрага поради детска проституција

ФОТО:facebook.com/Inter Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесандро Бастони, кој е под истрага за детска проституција. Веста ја објави најугледниот италијански весник „Газета дело

Тежок пораз за Трамп

Трамп ја потпиша оваа наредба на првиот ден од неговото враќање на функцијата во јануари минатата година, кога започна нова кампања против нелегалната имиграција. Целта на наредбата беше да се одземе американското

Ова се имињата на новите министри – УМС и УЖ добија нови претседатели

Нов министер за здравство ќе биде Сашо Клековски, додека министерството за социјална политика ќе го превземе Ѓоко Велковски Нов директор на Фондот за здравство од каде доаѓа Клековски, ќе биде Златко Перински,

Легендите на клубот се менуваат како на лента… Радосав Петровиќ е нов спортски директор на ФК Партизан

Превирањата, новитетите и промоциите на нови ликови во ФК Партизан периодов се случуваат секојдневно и јавноста во Србија буквално оди со вести во низа кога е во прашање клубот од стадионот ЈНА.

Меџити: Чаир влегува во нова фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, соопшти дека Владата донела одлука за пренос на сопственоста на земјиштето на плоштадот „Скендербег“ на Општина Чаир, со што, како што наведе, се отстранува последната административна
Go toTop