Финска го одобри 18. пакет помош за одбраната на Украина вреден 98 милиони евра

August 25, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Финска соопшти дека го одобрила 18. пакет поддршка за одбраната на Украина во вредност од околу 98 милиони евра, пренесува Анадолу.

Вредноста на целиот одбранбен материјал доставен досега изнесува околу 1,3 милијарди евра, се вели во соопштението на финската Влада по одлуката донесена од претседателот Саули Нинисто.

Во соопштението се истакнува дека повеќе детали за содржината на пакетот нема да бидат откриени од оперативни причини и со цел „да се осигури помошта безбедно да стигне до својата дестинација“.

„Поддршката на Финска и нашите сојузници за Украина останува непоколеблива. Суштинското прашање во однос на идниот безбедносен поредок во Европа и во Финска е да можеме да ја спречиме руската агресија врз Украина“, се додава во соопштението што го цитира министерот за одбрана Анти Хаканен.

Во средата, украинскиот претседател Владимир Зеленски на прес-конференцијата со финскиот премиер Петери Орпо по состанокот во Киев изјави дека Финска ќе го одобри 18. пакет одбранбена поддршка за Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Началникот на Генералштабот на Армијата на Северна Македонија, Ѓурчиновски, во посета на Словенија

Следно

Адвокатот на Алил Демири потврдил дека косовскиот суд го ослободил неговиот клиент

Latest from Blog

И Фенер, Цеље, Бодо… во плеј – офот во ЛШ! Растодер со Панатинаикос во плеј – офот во ЛК

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот на плажите

Уредувањето и користењето на охридските плажи на Општина Охрид и на ЈП „Охридски комуналец“ им носи вкупен годишен приход од приближно 700.000 евра, средства кои, според локалната самоуправа, одиграле клучна улога во
Go toTop