Германија за испраќањето тенкови во Украина: Сојузниците треба да ни дадат зелено светло

January 20, 2023
2 mins read

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, изјави дека не може да каже кога ќе биде донесена одлука за тенковите, но дека Германија е подготвена брзо да дејствува доколку има консензус меѓу сојузниците

Германија објави дека е неопходен договор на сојузниците за да се даде зелено светло за испорака на тенкови од германско производство во Украина за одбрана од руска инвазија, со што се уриваат надежите на Киев за брза одлука.

Министрите за одбрана од НАТО и од други земји се состанаа во Германија поради стравувањата дека Русија наскоро ќе ја обнови својата речиси 11-месечна инвазија за заземање делови од источна и јужна Украина, која вели дека ја анектираше, но не ја контролира целосно.

Соединетите Американски Држави и Финска најавија нови големи пакети за воена помош пред состанокот во воздухопловната база Рамштајн, каде фокусот ќе биде на тоа дали Германија ќе им дозволи на земјите во Европа да испратат тенкови Леопард 2 во Украина.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, изјави дека не може да каже кога ќе биде донесена одлука за тенковите, но дека Германија е подготвена брзо да дејствува доколку има консензус меѓу сојузниците.

„Треба внимателно да се одмерат сите добри и лоши страни“,

рече Писториус, додавајќи дека за ова прашање се разговарало во петокот, но не била донесена одлука.

Се плашат да не ја испровоцираат Русија?

Писториус не кажа кои сојузници, доколку ги има, се против испораката на тенковите, ниту пак елаборираше за тоа што смета дека се добрите и лошите страни на таквата политика.

Изгледа дека владата на канцеларот Олаф Шолц не сака да одобри извоз на тенкови поради страв да не ја испровоцира Русија. Некои западни претставници, исто така, изразија загриженост дека Русија би можела да го зароби напредното западно оружје и да ја украде неговата технологија.

Кремљ предупреди дека тенковите нема да и помогнат на Украина и дека Западот ќе жали за својата „заблуда“ дека Киев може да победи на бојното поле. Говорејќи на почетокот на состанокот во Рамштајн, украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари на сојузниците за нивната поддршка, но рече дека е потребно повеќе и побрзо.

„Мораме да забрзаме. Времето мора да стане наше оружје. Кремљ мора да загуби“,

рече Зеленски, кој претходно имплицираше дека Германија ги спречува другите земји да испраќаат тенкови.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека поддржувачите на Украина треба да се фокусираат не само на испраќање ново оружје, туку и на снабдување со муниција за постарите системи и помагање за нивно одржување.

Русија ги регрупира силите, регрутира и се обидува повторно да се опреми, изјави на состанокот американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

„Ова не е моментот да се забави. Време е да се копа подлабоко. Украинскиот народ не набљудува“,

рече тој, без конкретно да ги спомене тенковите.

Данска ќе донира 19 хаубици

Владин извор во Германија рече дека ќе го покрене прашањето за тенковите Леопард доколку САД се согласат да испратат тенкови Абрамс, кои не беа вклучени во американското соопштение за нова воена помош во четвртокот. Берлин рече дека двете прашања не се поврзани.

На состанокот, група од девет земји од НАТО, меѓу кои и Велика Британија и Полска, ѝ ветиле на Украина нова воена помош за поддршка на војната со Русија. Официјалните лица ветија проектили, системи за противвоздушна одбрана Стингер, противвоздушни пушки, митралези, обука и друга опрема и услуги.

Велика Британија, која претходно најави дека планира да испрати тенкови во Украина, ќе испрати и 600 ракети Бримстон, изјави министерот за одбрана Бен Валас.

Полска испрати противвоздушни пушки С-60 со 70 000 проектили и е подготвена да донира тенкови Леопард 2 од германско производство, „во очекување на поширока коалиција“ на донатори на Леопард, се вели во заедничката изјава од состанокот. Неколку часа по состанокот, данската влада објави дека ќе донира 19 хаубици на Украина.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тројца охриѓани завршија во притвор поради нападот на секретарот на бугарскиот клуб

Следно

Јувентус го очекува жестока казна

Latest from Blog

31-годишен скопјанец им подлегна на повредите по пукањето на Бит Пазар

31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Според информациите тој им подлегнал на повредите во операционата сала

Реакција од Здружението на општински градежни инспектори на РСМ за непрофесионално и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори

Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија, денеска преку соопштение до јавноста се огласи за како што велат „неточното интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори“. Во својата реакција тие

Шефот на црногорската дипломатија Ибрахимовиќ во официјална посета на земјава

Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски оствари тет а тет средба со својот црногорски колега Ервин Ибрахимовиќ кој е во официјална посета на земјата кои потпишаа меморандум за разбирање во областа на

Македонија има со што да се гордее: Нашиот карате мајстор Дејан Милошевски освои злато на УСА Опен, а неговиот јуниорски тим бронза

На најголемото интернационално натпреварување во историјата на САД – УСА опен, со над 2600 натпреварувачи од 40 земји, тимот на Милошевски маршал артс (Меган, Бони, Сиена и сенсеи Дејан) двапати успеаја гордо
Go toTop