Со огномет на небото над Античкиот театар означен крајот на 63. издание на „Охридско лето“

August 21, 2023
1 min read

Извонредната театарска претстава „Лагата“  од Флоријан Зелер, во режија на Никола Љуца, а во изведба на Драмски театар Белград од Република Србија, вчеравечер на Античкиот театар го затвори 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

Како што истакна директорката на НУ „Охридско лето“ Наташа Поповиќ во своето завршно обраќање пред повеќе од двеилјадната публика на Античкиот театар,низ изминатите четириесет фестивалски вечери одекна гласот на уметноста од древниот Охрид ширум целиот свет, потврдувајќи ја уметничката совршеност негувана и градена со години.

Реализиравме восхитувачки настани кои публиката ги проследи со огромна радост. За повеќето настани се бараше карта повеќе, бележиме 50 процентно зголемување на продажбата, а она што за нас е посебно значајно, е тоа што имаме рекордна посетеност на странската публика.  Резервации се правеа од Англија, Франција, Турција, Србија, Америка, Канада, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Холандија, Унгарија, Грција, Шпанија, Португалија, Полска, Норвешка, Финска, Шведска, Русија, Белгија, Австралија, Бразил, Израел. Тоа е доказ дека силата на музиката и театарот не познава граници, рече Поповиќ.

Годинешното фестивалско издание на 12 јули започна со спектакуларниот настап на оперската дива Анџела Георгиу, а заврши исто така маестрално, со една современа, модерна естетика, актерски впечатлива претстава, интригантна, провокативна и доста комична, со извонредните актери Милош Биковиќ, Тамара Крцуновиќ, Миодраг Радоњиќ и Јелисавета Теодосиќ.

Тоа  е текст којшто потврдува дека во животот се опстанува со лага, дали за да заштитиме некого, дали за да се скриеме себеси, дали за да изманпулираме некого, таа ни е едноставно неопходна како едно епително ткиво коешто не заштитува, еден психолошки код за одбранбен механизам а при тоа претставата  не се занимава со лагата како феномен, туку со  вистината којашто можеме или не можеме да ја прифатиме таква каква што  е, дали е вистина тоа што  ќе го слушнеме или е вистина она во што ние сакаме да  веруваме, и дали после откако ќе се отворат овие прашања, брачните односи остануваат исти, дали ние остануваме исти и дали ќе можеме да останеме, а при тоа да не бидеме изедени од параноичните сомнежи, појаснува селекторката на драмската програма на „Охридско лето“, Сања Арсовска.

По завршувањето на претставата, беше изгаснат фестивалскиот оган којшто гореше во текот на изминатите фестивалски вечери, а крајот на ова фестивалско издание беше означен и со богат огномет на небото над Античкиот театар.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Џафери ги отфрли тврдењата дека го прекршил Деловникот со тоа што го одложил гласањето за уставните измени

Следно

На Твитер веќе нема да има „ме блокнал“

Latest from Blog

Македонија повторно во европската елита, обезбеди учество на континенталното првенство во ракомет во 2026

Ракометната репрезентација на Македонија триумираше над Литванија со 26:17 (13:11) во дуел од квалификаците за пласман на Европското првенство во 2026 година. По победата пред полни трибини во СЦ „Јане Сандански“, Македонија

Кузмановски: Сакаме да сме пример за младите, како што за нас беа Кире, Столе, Жути

Капитенот Филип Кузмановски повторно ја водеше Македонија до нова победа во квалификациите, овој пат вредна за пласман на ново Европско првенство. „Навистина пред сè сакам да се заблагодарам на целата публика за

Дрво падна врз автомобил во Струмица

Вечерва околу 20 часот, дрво паднало врз автомобил во Струмица, на улицата Ванчо Китанов. Регирала и противпожарната служба, и за среќа нема повредени. „Вечерва (недела) 11.05.2025 година, околу 20.00 часот на ул.Ванчо

Шукова: Чиста животна средина, приоритет во програмата на СДСМ за локалните избори 

Животната средина треба да ја гледаме како предност, не како трошок, тоа е еден од секторите кои исто така треба да го усогласиме со европските регулативи, порача потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз на
Go toTop