За долг од 200 евра плаќа 4000 евра камата – „Извршителот на одмор, странките нека се жалат кај сакаат“

August 18, 2023
1 min read

реклама



По 9 години поминати во фиока, предметот се става на извршување на само еден месец пред изгласувањето на новиот закон за извршување, оштетената добива десетици налози за извршување на нејзиниот недвижен и движен имот за наследен долг. Ова се дел од обвинувањата кои оштетената која се обрати до ТВ21 тврди дека извршителот Анѓелка Ефкоска ги презела во случајот против неа. Иако сака нејзиниот идентитет да остане анонимен во нашата редакција, таа го испрати истото писмо што го испрати до извршителот, за кое вели дека се уште не добила одговор.

„Во потврдата од 07.07.2023 доставена после еден месец од изготвувањето, не се наведени сите извршни дејствија поединечно, како што налага член 6 од Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите. Сметаме дека дејствијата што сте ги презеле се спротивно на начелото на економичност на постапката, со цел за себе да остварите дополнителен приход, преку преземање дејствија и тарифирање на истите“, писмо на оштетената.

реклама

Оштетената тврди дека извршителката немала право да даде налог за извршување ЗА нејзината куќа и автомобил, бидејќи главниот долг заедно со каматата не достигнуваат сума од 5000 евра. Истото го вели и Маријан Ристевски, активист за промена на работата на извршителите. Тој вели дека нема да престанат да бараат правда за овој случај и илјадници слични случаи.

ТВ21 во два наврати во различни периоди побара став од самата извршителка, Анѓелка Ефкоска, но и во двата случаи од нејзината канцеларија ни рекоа дека е на одмор, додека за случајот рекоа дека странките имаат право на приговор.

реклама

За постапувањето на извршителот побаравме изјава и од Комората на извршители од каде ни рекоа дека:

„Укажуваме дека Комората нема причина да ја вреднува работата на извршителите од аспект на законитоста во спроведувањето на извршувањето, материјалната работа на извршителот или на друг начин во непреземањето на наведеното правно дејствие“, велат од Комората на извршители.

реклама

Потсетуваме, во јули беше донесен новиот закон за ретроактивно извршување, за кој Ристевски вели дека извршителите го оспорувале во Уставниот суд, за што најавува и протести со цел  Судот да не носи одлуки во корист на извршителите.

Инаку, во текот на изминатата година 99 извршители оствариле заедничка добивка од речиси 3,4 милиони евра, од кои првите 5 поединечно оствариле повеќе од 100 илјади евра годишно.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ден на Армијата – највисокото признание не се медалите, туку довербата од граѓаните

Следно

Уставни измени: Двајца пратеници од мнозинството не гласаа за дневниот ред, Ковачевски уверува дека имаат апсолутно единство во коалицијата

Latest from Blog

Проданоски: Плоштадот „Александрија“ вечерва во знакот на фудбалот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, вечерва заедно со бројни граѓани присуствуваше на организираното јавно следење на фудбалскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија, кој се емитуваше на голем екран на плоштадот „Александрија“

Кина тестираше интерконтинентална балистичка ракета од нуклеарна подморница

Кина тестираше ракета со голем дострел во Јужниот Пацифик; Австралија го оцени потегот како „дестабилизирачки за регионот“ Лансирањето на ракетата се случи само неколку часа откако Австралија и Фиџи потпишаа договор за

Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројца осомничени за насилство врз дете во Маџари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени за насилство врз малолетно лице во скопската населба

На Македонската берза промет од 14,5 милиони денари, доминираше Комерцијална банка

Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,07 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската
Go toTop