Публиката до последно место го исполни Куршумли-ан: Почна 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“

August 18, 2023
2 mins read

Со високо подигнати главици кромид во рацете, веќе традиционален поздрав на фестивалската екипа до публиката, која до последно место го исполни Куршумли-ан, на 17 август почна 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.

Филмската програма на 14. „Македокс“ веќе е распостелена на три локации во Старата чаршија, во Куршумли-ан, на платото пред Музеј на Македонија и во Сули-ан, додека за време на викендот филмови од младинската и детската селекција ќе бидат прикажувани во Младинскиот културен центар, а мастеркласовите ќе се одржат во Даут-пашиниот амам.

На отворањето на фестивалот, на 17 август, Сара Ферро и Дарко Набаков од екипата на „Македокс“ го нагласија значењето на фактот што речиси целата програма е концентрирана во старото скопско јадро.

– Сакаме да ставиме акцент на важноста на чаршијата, да не го изгубиме тоа културно јадро и да го негуваме со што повеќе култура во самата чаршија, која како простор е значајна за „Македокс“, за градот Скопје, но и за сите нас – рече Дарко Набаков.

Со документарните филмови „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција) и „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб (Германија) првата вечер на фестивалот беше со танцувачки концепт, кој на крајот од вечерта со интензивни електронски звуци беше засилен со концертот на групата „Искра“.

На втората фестивалска вечер на 18 август ќе биде отворена програмата Земја во фокус – Данска. Заедно со Данскиот филмски институт е составена програма од 12 дански долгометражни документарни филмови, а светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд ќе одржи и работилница за монтажа заедно со данскиот критичар Ту Стин Милер.

Во текот на викендот, покрај филмската програма од селекцијата за главната програма, кратките документарци, „Нови автори“ и студентската програма, во Сули-ан ќе се одвива филмската соработка со фестивалот на анимиран филм „Флипбук“, каде што ќе бидат прикажани неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“.

Тематски фокус на 14. „МакеДокс“ е монтажата на документарните филмови со мото #пресечи (#cutit).

Викендот е резервиран и за мастеркласовите на Мила Турајлиќ и Владимир Гојун. На програмата во Куршумли-ан на 20 август ќе биде прикажан документарниот диптих „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ на Мила Турајлиќ, додека на мастеркласот претходно таа ќе зборува за процесот на монтажа, кој во случајот со овие два филма траел цели три години. Тематски наслов на мастеркласот е „Верба во процесот: Режисер(к)ите во собата за монтажа“. Разговорот ќе го води Виктор Еде, продуцент (Cinephage Productions, Франција).

Мастеркласот на хрватскиот монтажер Владимир Гојун ќе биде фокусиран на повеќе прашања што се отвораат на монтажерската маса, а целта е да се открие процесот на разбирање на можностите што ги носи видеоматеријалот за креација на документарниот филм.

Владимир Гојун (роден 1979 во Дубровник, Хрватска) завршил филмска монтажа на Академијата за драмски уметности во Загреб каде што моментално работи како доцент. Тој е монтажер на меѓународно признати долгометражни филмови („Бујик ривиера“, „Зад стаклото“, „Ме носиш“, „Рударот“, „Мажите не плачат“, „Жабата“, „Сосема сам“, „Мурина“), документарни филмови („Плати и жени“, „Хјустон, имаме проблем!“, „Кралот“, „Русинот“, „Мојот превртен свет“, „Стил мил кафе“, „Ништо нема да биде во ред“, „Иследникот“), краткометражни филмови („Жолта месечина“, „Здив“, „Црвено светло“, „Вистинската вистина за борбата“) и експериментални филмови („Од – до“, „Првиот здив“). Режирал и четири документарни филмови („Циклуси“, „Времиња на големата депресија“). За својата работа како режисер и монтажер освоил голем број награди во својата земја и во странство. Разговорот со него ќе го води Петра Селишкар од екипата на „МакеДокс“.

Целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација. Ве поттикнуваме да ја искористите можноста за онлајн купување на билетите.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Јасно е кој сака во ЕУ, а кој блокира“ – Ковачевски не ја исклучува можноста за нова средба со Мицкоски

Следно

Ковачевски: Нема да потклекнеме пред блокадата, продолжуваме до обезбедување двотретинско мнозинство

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop