„Јасно е кој сака во ЕУ, а кој блокира“ – Ковачевски не ја исклучува можноста за нова средба со Мицкоски

August 18, 2023
1 min read

реклама



Денеска во Собранието се виде кој блокира, а кој е за членство во ЕУ. Со оваа порака премиерот Ковачевски се појави на прес конференција, по завршувањето на седницата за уставните измени.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакви аргументи, туку блокадата ја прават единствено поради лични интереси.

реклама

Одговарајќи на новинарско прашање, Ковачевски рече дека не исклучува можност за нова средба со Мицкоски, иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште пред извесно време порача дека нови средби со власта нема да има, а единствените разговори би биле само за предвремени парламентарни избори.

„Денес, повторно е потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМНЕ е блокада и изолација, и тоа проевропски ориентираните граѓани нема да ниту да го заборават ниту да го простат. Ова блокирање, кое тие толку долго го заговараат нема никаква причина да се случи. ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека немаат никакви аргументи, дека немаа идеја за дискусија и дека не водеа дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните, само и единствено за лични цели, а против подобар и попросперитетен живот за граѓаните и остварување на стратешката цел полноправно членство во ЕУ на Северна Македонија“, вели Ковачевски.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лео Меси го пецна ПСЖ: Ниту сакав, ниту планирав да се преселам во Париз… Мајами е друга приказна!

Следно

Публиката до последно место го исполни Куршумли-ан: Почна 14. Фестивал на креативен документарен филм „Македокс“

Latest from Blog

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, оствари средби со претставници на ФУЕН

Претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, учествуваше на 70. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), кој се одржа од 17 до 20 септември 2026 година во Хелсинки, Финска. На

Пантелеон ГС Скопје во Њујорк беше ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Њујорк, 21 септември 2026 – Македонската компанија Пантелеон ГС Скопје беше ко-домаќин на деловна средба на Бизнис советот за меѓународно разбирање (BCIU), одржана во престижниот Yale Club во срцето на Њујорк. Настанот

„Единствена Русија“ на Путун со убедлива победа на изборите

Со пребројани над 71 отсто од гласовите, како што објавуваат руските новински агенции, Единствна Русија освоила 57,5 отсто, Комунистичката партија и Националистичката либерално демократска партија имале 14 и 8,7 отсто од гласовите..
Go toTop