Лео Меси го пецна ПСЖ: Ниту сакав, ниту планирав да се преселам во Париз… Мајами е друга приказна!

August 18, 2023
1 min read

Лео Меси вели дека е среќен во Мајами бидејќи овој трансфер го планирал подолго време, но исто не може да го каже и за авантурата во ПСЖ.

Лео Меси за прв пат се појави на прес конференција по преселбата во МЛС, Аргентинецот се сретна со новинарите во пресрет на финалето во Лига Купот помеѓу Интер Мајами и Нешвил.

„Многу сум среќен бидејќи мој избор беше да дојдам во Мајами, за ова се подготвував со години“ – вели Лео Меси.

„Но тоа не можам да го кажам за Париз. Одлуката беше брза. Ниту сакав, ниту планирав да се преселам во Париз. Никогаш не сакав да заминам од Барселона. Работите се променија преку ноќ… ми беше тешко. Но тука во Мајами е сосема спротивно“.

Аргентинецот потоа додаде: „Не дојдов во САД да го развивам фудбалот, дојдов за да уживам. Среќен сум со одлуката, не само јас, туку и целото семејство. Од првиот ден сме одлично пречекани, не само во Мајами, насекаде во САД. Престојот тука е спектакуларен. Многу сум среќен и уживам во овој момент“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Преписки меѓу јавното обвинителство и ИРЛ – ОЈО: Германското вештачење постојано беше дел од доказите

Следно

„Јасно е кој сака во ЕУ, а кој блокира“ – Ковачевски не ја исклучува можноста за нова средба со Мицкоски

Latest from Blog

Видео: Авион се урна на писта на аеродром во Доминиканската Република

Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во

Изборните реформи влегуваат во завршна фаза

Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите

Димитровски: Чесно и пред Советот на честа – спорниот текст на ТВ ТЕРА отстапува од Кодексот на новинари

Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, напиша на социјалните мрежи дека Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија утврдил елементи на отстапување од Кодексот на новинарите во текстот на ТВ

ММФ со позитивна оценка за македонската економија: раст, стабилност и намален долг

8 јуни 2026 година, Скопје – Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците
Go toTop