Пораки за утрешната седница за уставни измени – Ковачевски: 80 гласови се потребни за европска Македонија

August 17, 2023
1 min read

реклама



Утрешната седница за потребата од донесување уставни измени ќе започне со непроменети ставови на опозицијата која не дава поддршка а бара предвремени избори.  Премиерот Ковачевски вели дека 80-те гласови се потребни на граѓаните за да се продолжи европскиот пат, а очекува во Собранието да се отвори дискусија за ова прашање. Колку побрзо ги спроведеме уставните измени толку побрзо ќе станеме членка на Европската унија, порача Ковачевски.

„80 пратеници се потребни за глас за европска Македонија, а на Владата и требаат 61 пратеник за да може полноправно да одлучува да работи до избор на следна влада. Двотретинско мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата. Кое е објаснувањето на ВМРО зошто е против. Таму нема во соопштението. Тоа е најново сега, бугарски диктат. И доаѓаат од Европска унија и велат ова не е бугарски предлог ова е предлог на Европската унија“, вели Димитар Ковачевски.

реклама

И министерот за надворешни работи Бујар Османи на ден пред одржувањето седница за уставните измени упати порака до пратениците.

Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок. Одговорно кажувам дека ова не го правиме под диктат на Бугарија, ниту заради уцена од нејзина страна. Ова е компромис во преговорите откако нивниот меморандум до ЕУ за непризнавање на македонскиот јазик и нација не доби поддршка од земјите членки. Компромис со кој го заштитивме македонскиот јазик и идентитет“, додаде Бујар Османи.

реклама

И вчера по координацијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ а и денеска преку кусо соопштение порачаа дека не го менуваат ставот.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е јасна со континуиран став, уставни измени под овие услови и бугарски диктат нема да има. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата тоа го кажа и на Комисијата за уставни измени, ќе го повтори и на пленарната седница. СДС и ДУИ не можат уште долго да манипулираат со јавноста, народот ќе може да види дека власта нема пратеници за уставни измени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Седницата за предлогот за пристапување кон уставни измени е закажана за утре во 11 часот, а расправата може да трае најмногу 10 дена. Претседателот на Собранието Талат Џафери претходно најави дека доколку не се обезбеди потребното мнозинство ќе ја прекине седницата се додека не се обезбедат 80 гласови.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Баерн нема да потпише со Де Хеа, Тухел стави вето на трансферот

Следно

„Браќа Манаки“ се отвора со македонска премиера на „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, Оскаровецот Питер Бижу добитник на Златна камера 300 за животен опус

Latest from Blog

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна

Берзанскиот индекс ослабе, над 22 милиони денари промет на домашниот пазар

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 05.08.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.211,87 поени. Во

Министерство за енергетика: Македонија внимателно ја следи состојбата во Европа, домашниот систем останува стабилен

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини континуирано ја следи состојбата во регионот и во Европа, како и домашните хидролошки показатели. Според расположливите податоци, состојбата во Македонија е стабилна и во моментов

ФИФА е во целосен хаос: Потегот на Инфантино го шокираше целиот фудбалски свет

Според информациите што ги даде францускиот весник „Л’Екип“, Инфантино во среда организирал кризен состанок со челниците на ФИФА во Мароко. Се вели дека првиот човек на светскиот фудбал е сериозно загрижен за

Општина Битола: Нови 1.550 квадратни метри паркинг простор за граѓаните

Општина Битола продолжува со реализација на проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура и обезбедување нови паркинг места за граѓаните. Денеска беше извршено асфалтирање на новиот паркинг простор во поранешната касарна, на локацијата
Go toTop