Баерн нема да потпише со Де Хеа, Тухел стави вето на трансферот

August 17, 2023
1 min read

Баерн нема да потпише со Давид Де Хеа, а пропадна трансферот и на Стефан Ортега. Според новинарот на „Скај Спорт Дојчланд“, Флоријан Плетенберг, по преговорите што се водеа синоќа и утринава, договорот за преселба на Ортега од Манчестер сити во Баерн се распаѓа.

Главната причина е неподготвеноста на Манчестер сити и Пеп Гвардиола да го пуштат голманот. Тие не сакаат да ангажираат друг заменски голман, иако на клубот во последните часови му беа понудени неколку опции, вклучувајќи го и голманот на Лидс, Илан Мелиер.

Баерн сакаше да го земе Ортега на позајмица и му упати конкретна понуда. Тренерот Томас Тухел сакаше да го види во тимот. Стефан сериозно размислувал за оваа опција, но газдите на Баерн не сакаат повеќе да чекаат.

Според изворот, Баерн нема да го ангажира ниту Давид Де Хеа, кој е на слободен трансфер по заминувањето од Манчестер јунајтед. Тухел стави вето на неговиот трансфер, особено со оглед на фактот дека враќањето на Мануел Нојер се очекува за неколку недели. Де Хеа сакаше да премине во Баерн, но нема да го ангажираат.

Претходно беше објавено дека Баерн ќе ја започне сезоната со Свен Улрајх на голот, бидејќи смета на Нојер наскоро да се врати на терените. Плетенберг ја потврдува оваа информација и пишува дека Улрајх ќе биде главен до враќањето на Нојер. Шефовите на Баерн се задоволни од играта на Свен во претсезоната и имаат целосна доверба во него.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН соопштија дека 19 хуманитарни работници загинале во војната во Судан

Следно

Пораки за утрешната седница за уставни измени – Ковачевски: 80 гласови се потребни за европска Македонија

Latest from Blog

ОВА СЕ НАЈДОБРИТЕ ШПИОНИ ВО СВЕТОТ, а најдобрите европски не се ни во петте најдобри светски

Британската Тајна разузнавачка служба (МИ6) е најмоќната надворешна разузнавачка служба во Европа, пред француската Генерална дирекција за надворешна безбедност (ДГСЕ) и холандската разузнавачка служба, покажуваат резултатите од истражувањето на францускиот магазин Експрес,

ВМРО-ДПМНЕ за Изборниот законик очекува Шасивари да се сретне со Филипче

Ако одлуката на Уставниот суд за платеното политичко рекламирање биде во корист на Левица, по чија иницијатива Судот веќе расправаше, тогаш Собранието ќе мора повторно да го отвори Изборниот законик, барем во

„Илинден“-Тирана со барање: Официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна
Go toTop