Никој не ги слуша луѓето со механички срца – за трансплатација бараат помош од Владата

August 14, 2023
1 min read

реклама



Луѓето со механичка срцева пумпа бараат и за нив да се започне со трансплантација на срце. Со години добивале само ветувања и досега не е извршена таква трансплантација. Пациентите на механичка циркулаторна поддршка чекаат со години за трансплантација, но само доколку се најде соодветен донатор. Проблемот е што државата треба да обезбеди владин авион за да донесе стручњаци од странство кои ќе ја вршат операцијата, бидејќи нашите кардиолози се уште не почнале да прават трансплантација на срце кај луѓе со механичко срце.

Пред неколку години имаше 25 пациенти со механичка пумпа, но бројот се намалува, останаа десет. Ова е последица на негрижата на Владата кон овие луѓе, вели Јолески. Во Охрид и Струга има две лица, едното има 38, а другото 31 година и двајцата на ваков тип на операција чекаат четири години. Вели дека нивниот проблем не чека и мора веднаш да се реши, нивните механички срца немаат време да чекаат смена на министрите за здравство на секои 6 месеци.

реклама

Поврзани на механичка пумпа 24 часа на ден, овие луѓе се целосно зависни од батериите што се полнат. Батериите, каблите и струјата им значат живот. Секојдневно се изложени на овој животозагрозувачки ризик и единствена надеж им е трансплантација на срце, што се прави само со заложба на Владата.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Изгоревме по втор пат“ – Семејствата на жртвите во модуларната болница разочарани од правдата

Следно

Семејно насилство во Белград: Мајка добивала смртни закани од сопствениот син

Latest from Blog

Финансиска поддршка за здруженија што работат со лица со попреченост во Битола

Општина Битола распиша јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани, со цел подобрување на квалитетот на животот и социјалната вклученост на оваа

ТРИ ТЕМИ НА СОСТАНОКОТ на министрите за одбрана на ЕУ, објави Каја Калас

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека на неформалниот состанок на министрите за одбрана на ЕУ на Кипар, главни теми ќе бидат Украина, Блискиот Исток

Се шири првата снимка од бруталниот ирански напад – Трамп се огласи: „ДОСТА Е“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека американската војска е во состојба на готовност откако Иран лансираше ракети кон Израел и го повика Иран да ги запре нападите и да се врати

Жалбата за притворот на Богоев сè уште не стигнала до Кривичниот совет

Жалбата на одбраната на поранешниот директор на Царинската управа, Стефан Богоев, против решението за 30-дневен притвор сè уште не е стигната до Кривичниот совет, бидејќи претходно се чека мислење од надлежниот обвинител,
Go toTop