„Изгоревме по втор пат“ – Семејствата на жртвите во модуларната болница разочарани од правдата

August 14, 2023
1 min read

реклама



Вистинските виновници не се зад решетки. Ова е главната грижа на роднините кои ги загубија своите најблиски во модуларната болница во Тетово, вечерта на 8 септември. Оние кои ги загубија своите најблиски во оваа трагедија, велат дека не се чувствуваат исполнети додека вистинските виновниците не ја добијат заслужената казна.

„Повеќе од 10 пати споменав дека за оваа трагедија има голем синџир на обвинети. Синоќа сведочеа оние новинари кои ја објавија веста. На тој начин ние изгоревме по втор пат. Во оваа држава секогаш се случуваат работи што не треба, ние како членови на семејството апелираме до институциите и судиите посериозно да го сфатат овој случај, да видат кој навистина треба да биде обвинет, а не како што заврши овде со 1 година и шест месеци условна казна. Од друга страна изгореа 14 лица. Како членови на семејството бараме од државата, од партиите во Владата за кои гласавме 25 години, посериозно да ја сфатат оваа работа и да не се повторуваат овие трагедии во Македонија“, вели Мумин Исмаили.

реклама

Според Исмаили, во овој случај треба да бидат обвинети и луѓето кои ја изградиле и финансирале модуларната болница.

„Неколку пати кажав дека обвинетите не се вистинските луѓе кои треба да бидат осудени за овој случај. Флорин Бесими, Артан Етеми и Бобан. Не велам дека тие немаат воопшто одговорност, бидејќи работеле во таа институција, но каде е министерот, поранешниот министер за здравство Венко Филипче. Градежна фирма Брако?“, вели Мумин Исмаили.

реклама

„Мислам дека виновни беа и тие што го направија објектот и сите инволвирани. Барам што поскоро да се расчисти оваа работа, да излезе вистината на виделина, бидејќи до сега сме слушале само лаги, се ни е кажано и сакам што поскоро да се расчисти случајот. Не се чувствувам добро затоа што сакам да знам кој е одговорниот за пожарот на модуларната болница, сакам што поскоро да се расчисти бидејќи не е во ред 14 лица да ги загубат животите и случајот да не е расчистен“, посочи Ќание Селмани.

Според документарецот објавен од ИРЛ, откриено е дека истрагите за причините за пожарот во модуларната болница не се целосни, заобиколувајќи ги високите функционери и компанијата која била одговорна за изградбата на модуларните болници. Единствениот судски процес поврзан со настанот каде животот го загубија 14 лица е оној во кој поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, беше прогласен за виновен и е осуден на 1 година и 6 месеци условна казна, исто така 1 година и 6 месеци условна казна доби и поранешниот економски директор – Артан Етеми, што значи дека нема да одлежат затворска казна доколку 3 години не сторат ново кривично дело. Докторот одговорен за Ковид центарот, Бобан Вучевски е ослободен од обвиненијата. Во меѓувреме тетовската болница доби казна од 1 милион денари.

реклама



MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: Салах бесен го напушти теренот, фудбалската легенда му порача „Замолчи и седи“

Следно

Никој не ги слуша луѓето со механички срца – за трансплатација бараат помош од Владата

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop