„СРПСКИОТ ОПЕНХАЈМЕР“ – „ЧУВАРИ НА ФОРМУЛАТА“ НА БЈЕЛОГРЛИЌ ОСВОИ 2 НАГРАДИ ВО ЛОКАРНО, ПОБЕДИ ЗАБРАНЕТИОТ ИРАНСКИ „КРИТИЧНА ЗОНА“ НА АЛИ АХМАЏАДЕХ

August 13, 2023
1 min read

„Чувари на формулата“ на српскиот режисер и актер Драган Бјелогрлиќ освои две награди на фестивалот во Локарно што заврши денеска. Филмот, кој во Србија се нарекува „Српски Опенхајмер“, за инцидент со радијација во 1950-те во југословенскиот Нуклеарен институт Винча, ја освои наградата Пардо верде за која се квалификуваат сите филмови прикажани на фестивалот што „на публиката ѝ нудат нови интерпретации кои инспирираат промени во свеста за иднина која ќе има поголема одржливост“.

Филмот ја доби и наградата Вараети Пјаца Гранде, каде победникот го бира панел на филмски критичари со намера да помогне во меѓународната кариера на филм во програмата Пјаца Гранде.

„Чувари на формулата“ играше во програмата Пјаца Гранде во најголемото кино на отворено во центарот на Локарно. Филмот, поддржан од Еуримаж е копродукција меѓу Србија, Словенија, Црна Гора и Македонија, која преку Агенцијата за филм го поддржа на конкурсот во 2016.

Во главната конкуренција за награди победи „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех, забранет во Иран. (Фото: Локарно ФФ)

Во главната конкуренција за награди победи „Критична зона“ на иранскиот режисер Али Ахмаџадех, филм кој иранските власти го забранија и се обидоа да го спречат да се прикаже во Локарно. Филмот, опишан како „химна на слободата и отпорот во Иран“, е снимен без дозвола од властите пред да започнат неодамнешните протести. Приказната следи човек кој вози низ подземјето на Техеран со своето куче, продава дрога и исцелува вознемирени души. Ова е четврти филм на Ахмаџадех, чии филмови ја прикажуваат бунтовничката младина во Иран и нивната конфронтација со теократијата во земјата. На Ахмаџадех и официјално му е забрането да работи како филмски режисер во Иран.

Специјална награда на жирито освои романскиот „Не очекувај премногу од крајот на светот“ на Раду Жуде.

Наградата на публиката ја доби ветеранот Кен Лоуч за „Стариот даб“.

ИЗВОР: sdk.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Пендаровски: Истакнување на иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза

Следно

Приведени разбојници во Струмица 

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука

Трамп: Ако Иран не го почитува договорот, ЌЕ СЕ ВРАТИМЕ НА БОМБАРДИРАЊЕТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во Франција денес дека привремениот договор со Иран сè уште не е конечен и предупреди дека Вашингтон би можел

БОЖИНОВСКА – ПОПОВ: МЕРМС и МАНУ ќе ги обединат експертизата и науката за развој на енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со академик Живко Попов, претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на која беше разговарано за воспоставување поинтензивна
Go toTop