ВМРО-ДПМНЕ: Адем Демачи нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, туку имал националистички идеали поврзани со други држави!

August 12, 2023
1 min read

реклама



Од ВМРО-ДПМНЕ денеска се јавија со реакција по повод преименувањето на „Втора македонска ударна бригада“, која сега стана „Адем Демачи“.

„Без никаква дебата, без консултација на граѓаните пред 2 години во советот на градот Скопје насилнички беа преименети скоро 500 улици и мостови и други објекти во главниот град. Дали неспособните од власта на СДС знаат чив главен град е Скопје, дали на Македонија или на некоја друга држава?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

реклама

Тие посочуваат дека вчера во Скопје без никакви македонски обележја и со голема помпезност и во присуство на премиер од друга држава, беше преименета улицата Втора Македонска ударна бригада во име на косовски борец Адем Демачи.

„Улицата го добива името на Демачи, кој нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, ниту пак со Скопје, туку имал националистички идеали поврзани со други држави.

реклама

Оттука прашуваме дали советниците на СДС знаеле што гласаат во 2021 година во Советот?

Колку други спорни имиња на улици, мостови и булевари има во изгласаните измени на имиња на улици, мостови и булевари.

реклама

Пиуните од СДС ќе останат запамтени како најголеми уништувачи на македонската историја и одбележувањето на историските личности и настани на Македонија?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама



VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Продолжува сослушувањето на уапсените за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК, 30 од нив веќе притворени

Следно

22-годишнина од Охридскиот рамковен договор, кој стави крај на внатрешните превирања во Северна Македонија

Latest from Blog

Утре без вода дел од Центар

На 10 август, понеделник, дел од корисниците во Центар ќе останат без водоснабдување поради уличен дефект, информираат од ЈП „Водовод и канализација“. -Поради уличен дефект од ф – 80 мм на ул.

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките
Go toTop