Продолжува сослушувањето на уапсените за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК, 30 од нив веќе притворени

August 12, 2023
1 min read

Со втората група од 30 уапсени навивачи денеска продолжува маратонскиот процес на сослушување на уапсените по инцидентите во понеделникот вечерта пред стадионот на АЕК, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, додека пак вчера, на сите хулигани од првата група, исто така 30 лица, им беше одредена мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.

Сослушувањето вчера траеше цел ден, уапсените даваа исказ пред истражни судии, а за сите 30 беше одлучен притвор.

Меѓу нив 28 се Хрвати, еден е Грк и еден Албанец, а според грчките медиуми, сите се бранеле дека немаат никаква поврзаност со убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

Хрватските навивачи негирале дека поседувале ножеви и наводно рекле дека кај стадионот стигнале за да го следат тренингот на Динамо Загреб, а не да ги нападнат навивачите на АЕК.

Процесот на сослушувањето на уапсените 105 лица, започна вчера, продолжува денеска и утре, а хулиганите се поделени во три групи, вчера исказ дадоа 30 лица, денеска се други 30, а останатите 45 ќе бидат сослушани утре.

Уапсените се товарат за четири кривични и седум прекршочни дела, меѓу кои и за убиство со умисла, како иако убиецот сѐ уште не е идентификуван, за криминална организација, за експлозија и поседување експлозивен материјал итн.

Во делот околу стадионот на АЕК по инцидентите полицијата пронашла предмети кои хулиганите ги користеле, а меѓу кои и џебни ножеви, пиротехнички материјали, метални и дрвени палки, камен, фантомки, дрвена табла во должина од 120 сантиметри на која имало клинци и траги од крв, три дрвени палки долги 83 сантиметри, а на две од нив со траги од крв, дрво во должина од 52 сантиметри исто рака со траги од крв, на кое било заковано друго дрво, џебни ножеви во должина од 17 и 20 сантиметри, медицинска маска со траги од крв, маици, стаклени шишиња од пиво, патики итн.

Според грчките медиуми, 29-годишниот Михалис, навивачот на АЕК, кој беше убиен во понеделникот, согласно извештајот од спроведената обдукција, бил повреден во подлактницата, веројатно со нож од типот „Карабит“, што довело неконтролирано крвавење, а десет минути подоцна настапила и смртта.

Државната телевизија ЕРТ вчера објави дека тројца Грци, еден Хрват и еден Албанец се под лупата на грчката полиција како можни сторители на убиството на навивачот, со оглед на тоа што кај албанскиот и хрватскиот државјанин, во моментот на апсењето биле пронајдени џебни ножеви со траги од крв.

Од Грците, двајца ѝ се веќе познати на полицијата како навивачи на грчки тим и имаат криминално досие, едниот во минатото бил апсен четири пат, другиот еднаш, а третиот осомничен е идентификуван, но се бара.

За случувањата во грчкиот и европскиот фудбал следната среда ќе разговараат премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис и претседателот на УЕФА Александар Чеферин на нивната средба во Атина.

Мицотакис и Чеферин вчера имале телефонски разговор и се договориле да се сретнат, додека пак по нивната средба, грчкиот премиер ќе одржи состанок на кој освен претседателот на УЕФА и релевантните министри поканети се да учествуваат и сопствениците на грчките фудбалски клубови Олимпиакос, Панатинаикос, АЕК и ПАОК.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хари Кејн потпиша за Баерн Минхен во 2 часот по полноќ

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Адем Демачи нема никакви допирни точки ниту со историјата на Македонија, туку имал националистички идеали поврзани со други држави!

Latest from Blog

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека
Go toTop