МВР: Вторпат во една недела спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница со вкупна вредност од 200.000 евра

August 11, 2023
1 min read

реклама



Министерството за внатрешни работи информира за заедничка акција со грчката полиција синоќа, во која бил спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница, со вкупна вредност од 200.000 евра. Најдени се околу 40 килограми марихуана во две торби и приведени двајца државјани на Албанија. 

МВР денеска соопшти дека граничната полиција од Регионалниот центар Југ вчера во 23.30 часот во близина на местото викано Вршник Бара, непосредно покрај граничната линија со Република Грција,  забележала две лица кои од територија на Република Северна Македонија исфрлиле две торби преку жичаната ограда на грчка територија, а потоа и самите ја преминале граничната линија.

реклама

Поради сомнеж дека во торбите се пренесува марихуана, Регионалниот центар Југ во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, ја известиле Службата за дрога со седиште во Килкиз и грчката гранична полиција и со заеднички и координирани активности на полициските службеници од двете земји за кратко време се пронајдени двете торби во кои биле сместени околу 40 килограми марихуана.

Малку подоцна, соопшти МВР, од слобода биле лишени В.Х.(36) и Е.Џ.(52), двајцата државјани на Република Албанија. Грчката полиција ги задржала за понатамошна постапка и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

реклама

-Ова е втора ваква заедничка акција од почетокот на август помеѓу двете полиции, при што и во првата беше спречен транспорт на 40 килограми марихуана, како резултат на разменети информации помеѓу Секторот за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција, Регионалниот центар Југ и Службата за борба против дрога од градот Килкиз, информира МВР.

Во првата акција, на територија на Грција, лишен од слобода е грчкиот државјанин Ј.С., кај кого била пронајдена марихуаната.

реклама

МВР нагласува дека брзите и успешно реализирани акции за спречување меѓународен транспорт на дрога се резултат на добрата соработка меѓу службите за борба против дрога и граничната полиција од двете земји и дека таа ќе продолжи и во иднина за да се спречи секаков вид прекуграничен криминал.

реклама



VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еквадор: Приведени шестмина Колумбијци осомничени за поврзаност со атентатот на претседателскиот кандидат

Следно

Турска вечер на Охридско лето со триото „Векандо“

Latest from Blog

Европската комисија препознава конкретни резултати во трансформацијата на македонската енергетика

Македонија остварува напредок во трансформацијата на енергетскиот сектор, пред сè преку забрзаниот развој на обновливите извори, проширувањето на организираниот пазар на електрична енергија и новите инфраструктурни поврзувања со соседните земји. Овие промени

Коњановски за „Алта банка“: Ги следиме насоките на Народната банка и интересите на граѓаните

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ги објави состојбите на сметките на јавните претпријатија во „Алта банка“, по барањето на дел од советниците за свикување вонредна седница. Тој порача дека, според досегашните информации,

Божиновска: Силните партнерства со Германија отвораат нови економски можности

Продлабочувањето на економската соработка и привлекувањето нови инвестиции беа во фокусот на средбите во Германија, на кои министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше како дел од владината делегација

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а
Go toTop