Еквадор: Приведени шестмина Колумбијци осомничени за поврзаност со атентатот на претседателскиот кандидат

August 11, 2023
1 min read

КИТО (АА) – Полицијата во Еквадор приведе шестмина колумбиски државјани што се осомничени дека се поврзани со атентатот на еквадорскиот претседателски кандидат Фернандо Вилависенсио, пренесува Анадолу.

Вилависенсио беше убиен пред два дена во вооружен напад, а беше гласен поддржувач на борбата против корупцијата и кандидат на претседателските избори најавени во Еквадор за 20 август.

Новинската агенција АП јавува дека осомничените Колумбијци биле приведени во куќа во главниот град на Еквадор, Кито.

За време на рацијата им биле одземени возило и мотоцикл, како и оружје и муниција.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор, Хуан Запата, го опиша нападот како политичко злосторство од терористичка природа, чија цел е саботирање на изборите.

Иако во полицискиот извештај нема информации дали приведените ѝ припаѓаат на некоја организација или не, Запата изјави дека осомничените се поврзани со организиран криминал.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонка исчезна во Грција, се упатила кон Лефкада и ѝ се губи секаква трага

Следно

МВР: Вторпат во една недела спречен меѓународен транспорт на дрога на јужната граница со вкупна вредност од 200.000 евра

Latest from Blog

ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата. Младиот германски

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од
Go toTop