Се влошува ситуацијата во Словенија: Пукна насипот на реката Мура, наредена евакуација на неколку села

August 6, 2023
1 min read

Пукна насипот долж реката Мура во Словенија во близина на Долна Биштица поради што е наредена евакуација на жителите од неколку села, соопшти Управата за цивилна заштита и помош при катастрофи.

Командантот на Цивилната заштита, Среќко Шестан изјави дека се вложува ситуацијата бидејќи се зголемува дупката во насипот.

– Инженерските служби се обидуваат да ја затворат дупката, но не успеваат со машините со кои располагаат. Се истражува можноста за фрлање бетонски блокови од хеликоптер, но тоа е отежнато поради временските прилики, посочи Шестан додавајќи оти ако се урне насипот ќе бидат поплавени десет села.

Мура моментално го има вториот највисок водостој забележан во историјата, 1.350 кубни метри во секунда, а нивото на реката продолжува да расте во Австрија.

Според хидролозите нивото на реките во поголем дел од земјата постепено ќе се намалува освен во поплавените подрачја во долниот тек на Сава, Драва и Мура. Не се исклучува можноста да расте нивото на помалите реки во западна и централна Словенија. Во делови од земјата постои опасност од лизгање на земјиштето.

Поради уништената инфраструктура поединечни делови од Словенија и понатаму се без електрична енергија, поради што еден од главните приоритети е снабдување на населението со агрегати.

Според метеоролозите попладне се очекуваат обилен дожд, град и силен ветер.

Речиси две третини од територијата на Словенија е под вода, а засега штетите се проценуваат на 500.000 евра.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека Словенија се соочила со најтешката природна катастрофа во својата понова историја и дека предизвиканата штета е незамислива и „веројатно повеќе од половина милијарда евра“.

И покрај поплавите не е загрозена нуклеарната безбедност на нуклеарната централа Кршко.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 30 загинати во Пакистан, откако патнички воз излета од шините

Следно

ПСЖ бара од Ал Ахли 80 милиони евра за Верати

Latest from Blog

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните

Андоновски: Државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но може да отвори јавна расправа

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека државата не планира ограничувања на социјалните мрежи за младите, но оти може да се отвори јавна расправа ако има интерес од родителите. На новинарското

Европол конфискува фалсификувани банкноти во висина од 1,2 милијарди евра

Во операција на Европол откриени и конфискувани се фалсификувани пари во висина од 1,2 милијарди евра, соопшти денеска Агенцијата со седиште во Хаг. Повеќемесечната операција била спроведена во Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка,
Go toTop