„21 ДЕН ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ НА ТЕОНА МИТЕВСКА СО СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО ПРОГРАМАТА ДЕНОВИ НА АВТОРИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА

July 27, 2023
1 min read

„21 ден до крајот на светот“, новиот експериментален документарец на Теона Стругар Митевска, ќе има светска премиера на Денови на авторите (или Венециски денови), паралелна програма на филмскиот фестивал во Венеција која годинава слави 20-годишнина. Програмата, слична на канскиот Кензен или 15 дена на авторите, е создадена од Италијанската асоцијација на режисери и сценаристи. Филмот на Митевска е меѓу седумте во некомпетитивната селекција Специјални настани.

Лани, „Најсреќниот човек на светот“, шестиот игран филм на Митевска беше во селекцијата Хоризонти во Венеција, каде годинава премиерно ќе игра и првиот македонски филм на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски „Домаќинство за почетници“.

Митевска вели дека идејата за „21 ден до крајот на светот“ се родила за време на ковид изолацијата.

„Вознемиреноста беше во воздухот, но целото семејство беше среќно што беше заедно во куќата на нашето семејство надвор од Скопје, до денот кога умре нашиот чичко и јас, сите, бевме опкружени со смрт и стравот беше нашиот водич. Што ако е ова, а утре го нема, дали сум подготвен да ја прифатам сопствената кршливост, дали ќе умрам сама, дали ќе го оставам светот како што е, дали ќе се осмелам да одам на другата страна – ако има друга страна… сите овие дилеми ми ја стуткаа главата и со тоа ја доживеав неопходноста да се повлечам во себе и да се вратам во некоја исконска, сурова состојба на битието. Требаше да направам нешто. Сакав да излупам слоеви на потиснати емоции. Требаше да работам. Мојот концепт беше едноставен: ќе бројам 21 ден напред, што е еднакво на 21 дневно размислување за мојот живот. Во тој процес, пишував, снимав и ја создавав мојата најлична работа“, вели Митевска.

Филмот е копродукција меѓу Македонија и Белгија, а продуцентката Лабина Митевска вели дека „Да се биде во Венеција по втор пат во две години е огромна работа за секоја кинематографија, а да не зборуваме за македонската“

„Вакви успеси во континуитет не се баш вообичаени и за поголеми кинематографии и Македонија може да биде само горда. Да се биде во селекција која ги негува авторите и која секогаш била насочена кон авторството е голема чест. Селекторите на Венецијанските денови речиси ја прогонуваа Теона да го доврши и технички доуреди филмот за да го вклучат во програмата.  Овој филм е поразлично од сè она што сме го виделе од Теона. Овој филм е нејзин експериментален личен дневник, создаден како комплетно независна продукција, со најминимални финансии, речиси целосно сработен само од Теона и едноставно е уникатен мал филм”, вели Лабина Митевска.

„Најсреќниот човек на светот“ беше и годинашнот македонски кандидат за Оскар.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Луѓе на Звицер тргнале да убијат македонски државјанин за дрога вредна 200 милиони евра, а потоа се случило чудо за него!

Следно

Од почетокот на годината досега на брегот на Тунис пронајдени над 900 тела на мигранти

Latest from Blog

Оваа Шпанија е како казнена експедиција, никој ништо не и може, па ни Мбапе!(ФОТО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Мајсторија, тимска игра, доминација, брутална лекција, казнена експедиција…ова се генерално заклучоците од првото финале на СП. Шпанија по вторпат по својата историја, по 2010, ќе атакува на својата втора титула и

Сè повеќе Германци не сакаат во војска

„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни

Завршија градежните работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, од утре ќе почнат да сообраќаат возовите на релација Скопје – Битола и и Битола – Скопје

ЖРСМ Инфраструктура информира дека по завршените градежни работи на пругата Скопје – Битола – Жабени, во делот од станица Бакарно Гумно до товариште „Никола Карев“, од утре, 15 јули 2026 година, ќе

Полувреме: Ојарзабал од пенал за водство на “Фуријата“, “страшната“ Франција е непрепознатлива!(ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал

Норвешката принцеза доби трансплантација на бели дробови: Длабоко сум благодарна

52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за
Go toTop