Луѓе на Звицер тргнале да убијат македонски државјанин за дрога вредна 200 милиони евра, а потоа се случило чудо за него!

July 27, 2023
1 min read

Во голема акција во Хрватска се упапсени соработници на Радоје Звицер, водачот на Кавачкиот шверц на неколку стотици килограми кокаин, вреден најмалку седум милиони евра!

Според хрватските медиуми,уапсените на територијата на Риека и Загреб се поврзани со исчезнувањето на 200 килограми кокаин пролетта минатата година, што предизвика конфликт меѓу кланот.

Интересно за нас што меѓу нив е и македонски државјанин (58) кој украл 200 килограми кокаин од членовите, дрога што од Загреб требало да биде пренесена во земјите од Западна Европа. По кражбата на дрога вредна милиони, хрватската полиција ги зголеми безбедносните мерки во таа земја, бидејќи се очекуваа нови крвави конфликти поради исчезнувањето на кокаинот.

Кражбата на кокаин со голема вредност резултирала со многу брза и агресивна реакција на нарко кланот, кој испрати свои луѓе во Хрватска да откријат кој ја украл дрогата, а се обиделе да се вратат и да ги „казнат“ виновниците.

Тие биле испратени во Хрватска „на задача“ од наркобосот Радоје Звицер, односно токму за да се одмаздат за исчезнувањето на дрогата или да се обидат да ја најдат и да ја вратат на сопственик – изјавија тие.

Но, Македонецот набрзо бил уапсен со уште неколку соработници, а хрватската полиција од 200 украдени пронашла 125 килограми кокаин, закопани во буриња на неколку локации во близина на Загреб.

Со апсењето нашиот државјанин се спасил луѓето на Звицер да не го ликвидираат.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Како „разрешената“ обвинителка Кети Петкова сега ќе бира и разрешува обвинители?

Следно

„21 ДЕН ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ НА ТЕОНА МИТЕВСКА СО СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО ПРОГРАМАТА ДЕНОВИ НА АВТОРИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop