Од почетокот на годината досега на брегот на Тунис пронајдени над 900 тела на мигранти

July 27, 2023
1 min read

ТУНИС (АА) – Од почетокот на оваа година досега на брегот на Тунис се пронајдени повеќе од 900 тела на нерегуларни мигранти, пренесува Анадолу.

Министерот за внатрешни работи на Тунис, Кемал ал-Фики, во своето обраќање во Парламентот рече дека 36 од 901 тело пронајдени на брегот на Медитеранот биле државјани на Тунис. Од пронајдените тела, 267 се на странски државјани, а не е можно да се утврди идентитетот на другите.

Ал-Фики истакна дека во истиот период се спасени 15.327 луѓе.

Тој нагласи дека ќе бидат одлучни во заштитата на копнената граница, со цел да се намали бројот на Африканци кои сакаат да преминат во Европа.

Секоја година илјадници нерегуларни мигранти од Африка доаѓаат во Тунис и потоа преку Медитеранот да стигнат до Европа во надеж за подобар живот.

Некои од мигрантите од субсахарските африкански земји, кои со години живеат во мигрантските квартови на Тунис, успеваат да дојдат до Европа, но дел од нив умираат во водите на Медитеранот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

„21 ДЕН ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ“ НА ТЕОНА МИТЕВСКА СО СВЕТСКА ПРЕМИЕРА ВО ПРОГРАМАТА ДЕНОВИ НА АВТОРИТЕ ВО ВЕНЕЦИЈА

Следно

Дигитализираната изложба „Подемот и падот на Скопје“ од вечерва се прикажува во Кинотека

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop