Четири лица загинаа во шумските пожари во јужните региони на Италија

July 26, 2023
1 min read

РИМ (АА) – Најмалку четири лица загинаа во несреќи предизвикани од шумските пожари на многу места во јужните региони на Италија, јавува Анадолу.

На островот Сицилија, кој е најпогоден, изгаснати се 86 големи и мали пожари.

Пожарот, кој избувна вчера околу аеродромот во Палермо на Сицилија, се прошири во текот на ноќта. Во пожарната зона се пронајдени две јагленосани тела.

Аеродромот „Палермо“, кој во текот на ноќта беше затворен за авиосообраќај поради пожарот, утрово повторно беше отворен за одредени летови.

Околу 1.500 луѓе се евакуирани од областа поради пожар во близина на аеродромот „Палермо“.

Болницата „Сервело“ беше зафатена од чад поради пламените јазици што се проширија во градот Палермо, а оттаму беа евакуирани околу 200 лица.

Археолошкиот парк Сегеста од старогрчкиот период на островот, исто така, беше зафатен од пожарот.

На Сицилија, каде што продолжуваат активностите за гаснење пожари по копно и воздух, повредени се еден шумски работник и двајца пожарникари.

Деведесет и осумгодишен маж загина во пожар во близина на неговиот дом во градот Кардето во Калабрија.

Покрај тоа, почина и 88-годишна жена бидејќи медицинските екипи не можеле да дојдат до неа.

Во регионот на Калабрија во моментов има околу 80 пожари, големи и мали.

Поради шумскиот пожар што избувна во близина на градот Виесте на јадранскиот брег во регионот Пуља на југоистокот на земјата, од три хотели беа евакуирани околу 2.000 туристи.

Активностите за гаснење на пожарите во јужните региони продолжуваат, но високите температури и ветерот ги отежнуваат напорите на пожарникарите.

Регионите Ломбардија и Венето на северот на Италија се соочуваат со силен град и бурни временски услови.

Регионалната Влада на Ломбардија се подготвува да побара од централната Влада да прогласи вонредна состојба поради невремето што досега уништи многу дрвја и сообраќајни знаци, оштети згради и возила, а две лица загинаа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Скопје се сеќава: Пред точно 60 години градот беше погоден од разорниот земјотрес

Следно

(ФОТО+ВИДЕО) Повеќе од 50 кита се насукаа и пцовисаа на брег во Австралија

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop