(ФОТОГАЛЕРИЈА) Скопје се сеќава: Пред точно 60 години градот беше погоден од разорниот земјотрес

July 26, 2023
1 min read

Во земјотресот загинаа над 1 000 лица, а околу 3 000 беа повредени, додека 200 000 скопјани останаа без покрив над главата

На денешен ден – 26 јули во 1963, скопјани го разбуди најголемата природна катастрофа што го снашла градот. Во 5:17 часот се затресе земјата под Скопје со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала.

Земјотресот зад себе остави урнатини, одзеде 1 070 животи, а околу 3 000 лица беа повредени. Над 200 000 жители останаа без покрив над главата. Но, го претвори Скопје и во град на солидарноста – хуманитарна помош за обновување на градот пристигаше од сите страни.

И Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје, во која се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Денеска 60-годишнината од земјотресот во главниот град ќе биде одбележана со низа активности на повеќе локации низ Скопје, а во продолжение издвојуваме неколку фотографии од 26 јули 1963 година.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Нешнл џиографик ги отпушти и последните автори од редакција

Следно

Четири лица загинаа во шумските пожари во јужните региони на Италија

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop