„Банана филм“: Управниот суд го прифати нашето барање да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм

July 24, 2023
1 min read

Управниот суд го прифати барањето на „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм. Имено, Агенцијата ги стопираше исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“ во продукција на „Банана филм“ и во режија на Милчо Манчевски, а го стопираше и потпишувањето на пред-договорот за филмот “Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс на Агенцијата. „Банана филм“ тужеше, тврдејќи дека Агенцијата постапува незаконски во однос на филм кој е веќе одобрен од самата Агенција, прифатен, завршен и дистрибуиран по цел свет, но и во однос на нов проект кој веќе ги поминал сите филтри на самата Агенција.

На минатонеделното рочиште Управниот суд го уважи барањето на „Банана филм“, па сега в.д. директорот на Агенцијата, Бојан Лазаревски, ќе мора да даде налог за исплата на преостанатите 30% по договорот за „Кајмак“ и ќе мора да склучи пред-договор и да исплати 5% за развој на сценарио за „Биста“. Доколку не ја почитува одлуката,  в.д. директорот ризикува да одговара кривично за неизвршување на судска одлука.

Ја пријавивме Агенцијата за филм за местени конкурси, за незаконски исплати (крадење), за судир на интереси, а тие за одмазда ни ги блокираа успешните проекти. Нашите тврдења ги потврдија и Антикорупциска комисија, Државниот завод за ревизија, Транспаренси интернешнл, инспекција на Министерството за култура… Еве, сега и судот го потврдува самоволието на филмската мафија. Се надеваме дека наскоро ќе има и соодветни казни за сторените кривични дела“, велат од „Банана филм“.

Во меѓувреме, неделава Комисијата за заштита на конкуренција отвори постапка против Агенцијата за филм и приватното здружение  ДФРМ за испитување на забранета државна поддршка. Допис за доставување на целокупната документација е веќе доставен до Министерството за култура. Според наоди на Државниот завод за ревизија, но и на самото Министерство за култура, Агенцијата незаконски му исплатила на приватното здружение над 120.000 евра.

После негативниот извештај на Државниот завод за ревизија за работата на Агенцијата за филм и ДФРМ, свој случај за работата на Агенцијата и на ДФРМ отвори и Антикорупциската комисија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: Русија мора да избере нестандардни цели за напади врз Украина

Следно

Зеленски најави јуриш

Latest from Blog

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.
Go toTop