Зеленски најави јуриш

July 24, 2023
1 min read

Украинскиот претседател прво објаснил дека почетокот на контраофанзивата доцнел затоа што војската немала доволно муниција, оружје и обучени единици. Последица на ова е што Русија добила повеќе време да го минира теренот и да ги изгради своите одбранбени редови.

Но и покрај ова, Зеленски најавил дека операцијата ќе добие на залет повикувајќи ги сојузниците да испратат повеќе ракети со голем домет и Ф-16ки.

Обраќањето било на Безбедносниот форум во Аспен, каде темпото на контраофанзивата бил главната тема. Како што ќе му каже на Зеленски канадската заменичка министерка за одбрана „сите тука размислуваат за напредокот на контраофанзивата“ и таа е „преокупација на сите твои пријатели низ светот.“

Џек Саливен, советникот за национална безбедност на САД, објаснува дека резултатите од операцијата ќе бидат јасни само кога Украина ќе ги вклучи сите свои сили во контраофанзивата. Што се однесува за украинското барање за авиони, Саливен образложува дека добрата ПВО на руска и украинска страна спречила авијацијата да има некој поголем удел во војната.

„Ставот на нашите воени команданти е дека идејата дека Ф-16 ќе имаат одлучувачка улога во контраофанзивата имајќи ја предвид фундаменталната реалност… Тие имаат поинакви гледишта од она што го имате чуено во некои од украинските ставови,“ изјавил Саливен.

Дел од стравовите што ги имаат експертите е дека ако не успее контраофанзивата, Украина ја чека тешка зима и вон бојното поле, бидејќи  државата и нејзината економија и онака веќе се одржува со сериозна финансиска помош од САД и другите сојузници.

Додека британскиот министер за надворешни работи, Џејмс Клеверли, објаснува дека е сосема разбирлива разликата меѓу украинските очекувања и обемот на западната помош, бидејќи „Западот има и други приоритети, додека Украина e фокусирана на една работа.“

ИЗВОР: off.net.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Банана филм“: Управниот суд го прифати нашето барање да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм

Следно

(ВИДЕО) Репортажа од Пустец: Дедовците ни умреа Македонци, не може ние да се сториме Бугари

Latest from Blog

Најмалку 39 Палестинци убиени во израелски воздушни напади во појасот Газа

АНКАРА (AA) – Најмалку 39 Палестинци се убиени денес во израелски воздушни напади врз повеќе локации низ појасот Газа, објавија медицински и локални извори, известува Анадолу. Во воздушен напад во западниот дел

Вечерва се отвора 65. издание на фестивалот „Охридско лето“

Со гала концерт на американска пијанистка со блескава уметничка кариера, Клер Хуангчи, во придружба на орекестарот на Македонската филхармонија под диригентска управа на маестро Едвин Оутвотер вечерва на Античкиот театар ќе биде

65. ОХРИДСКО ЛЕТО ОТВОРА СО АМЕРИКАНСКАТА ПИЈАНИСТКА КЛЕР ХУАНГЧИ И ФИЛХАРМОНИЈАТА

Под мотото „Трансформација на сетилата“  вечерва во 21 часот на Античкиот театар во Охрид ќе биде отворено јубилејното 65. издание на фестивалот Охридско лето. Отворањето е со  концертот на американската пијанистка Клер

ЦУК: Состојба со пожарите во Македонија

На веб страницата на Центарот за управување со кризи, според вчерашните информации до до 18:30 часот, на територијата на државата се евидентирани вкупно 25 пожари на отворен простор: АКТИВНИ пожари (5): Општина

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото
Go toTop