Охридската библиотека „Григор Прличев“ организира трибина на тема „Мирисот на оловото“ посветена на градските весници

July 19, 2023
1 min read

Утре,  20 јули во рамки на Годишната програма за работа во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржи отворена трибина на тема: „Мирисот на оловото“.

До почетокот на деведесеттите години од сега минатиот век во речиси секој град во земјава имаше – опстојуваше по еден градски весник најчесто во рамките на Локалните радио и ТВ станици.

Во Охрид во рамките на Радио Охрид – Центар за печат и радио излегуваше месечникот „Езерски глас“ Но весници излегуваа или печатеа и редакции во рамките на големите претпријатија и фабрики: „Отекс“, „ЕМО“, „Застава ХТД“, ГП „Трудбеник“ и други. Нивното златно време беше од почетокот на седумдесеттите до крајот на осумдесеттите. И гледано од денешен аспект тие беа и се огледало на времето,  вистинска историска хроника на еден град, на еден живот на едни генерации.

Овој проект – преку утрешната трибина  само ја отвора вратата за поопсежно и далеку посериозно занимавање со дведеценискиот прериод кој во многу нешта беше ренесанса за жителите на Охрид. Овие траги во времето зачувани во нашето Одделение за периодика кои допрва треба да се истражат и дигиталзираат ќе сведочат за животот на Охрид , за неговиот општествено – економски растеж. Преку изложбата на весници на трибината ќе се зборува за тој период. Се’ со цел да се извлече поука да се зачува некогаш печатеното со надеж дека ќе биде проучено и нема да остане само мртво слово на хартија, вели директорот на охридската Библиотека м-р Милчо Јованоски, новинар и публицист.

Отворена трибина „Мирисот на оловото во Охрид“ ќе започне во 10 часот, наутро а како панелисити се поканети поранешни и сегашни новинари и публицисти, уредници: Веле Митаноски, Владо Жура, Елида Битрак, како и Горан Момироски од Регионалната канцеларија на Здружението на новинарите на Македонија.

Библиотеката упатува отворена покана до сите поранешни новинари и соработници, кои имаат допирна точка со „Езерски глас“ и останатите поранешни фабрички весници или едноставно биле нивни читатели да дојдат да учествуваат со своја дискусија или само да го проследат настанот – влезот е слободен.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Невремето пустоши низ Србија: Населби останаа без струја, падна кран на градилиште, дрва уништија автомобили

Следно

(ВИДЕО) Тројца мртви и над 60 повредени е билансот од невремето во Хрватска, жртва има и во БиХ

Latest from Blog

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните

Општина Битола: Подобра инфраструктура за жителите на „Леринска“ и „Христо Узунов“

Во Општина Битола во тек се градежни активности за реконструкција на дел од коловозот на улиците „Леринска“ и „Христо Узунов“. Моментално, јавното претпријатие „Нискоградба“ работи на изведба на мешовита канализациска мрежа, која

Вајц го вклучи АЛАРМОТ во Софија, шовинистички БГНЕС во уплав навредува без исав

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Најзагрижениот за бугарската кауза е инструираниот БГНЕС (читај најнационал-шовинистички настроен) „медиум“ кој објави подолга националистички

Омерагиќ ги отвора вратите: навивачите ќе бидат дел од тренингот пред натпреварот со Данска

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот
Go toTop