(ВИДЕО) Невремето пустоши низ Србија: Населби останаа без струја, падна кран на градилиште, дрва уништија автомобили

July 19, 2023
1 min read

Невремето претходно во Словенија и Хрватска одзеде најмалку три жртви, на поради опасноста за безбедноста на граѓаните во Србија беше издадено највисоко предупредување граѓаните да не излегуваат доколку не е неопходно

Принтскрин / Твитер

Невремето кое вечерва пристигна и во Србија остава пустош зад себе. Грмотевици и дожд проследени со силен ветар зафатија повеќе градови и села. Во неколку места дошло и до прекин на струјата, а меѓу нив  се Ириг, Футог, Бачка Паланка, Жарково и други.

На повеќе места ветрот откорнал и дрва, а според извештаите на Н1 ТВ, при пад на дрво бил уништен автомобил во Нови Сад, како и во Панчево. Во Белград бил откорнат дел од зграда кој паднал на коловозот, но за среќа била избегната несреќа и не бил погодено возило кое во тој момент поминувало на улицата.

Од видеата на социјалните мрежи, кои ги пренесуваат повеќе медиуми, се гледа дека во главниот град во населбата Нов Белград ветрот „соборил“ и кран на градилиште.

Нова.рс. јавува и дека во болница во Војводина бил откорнат дел од кровот.

Претходно во текот на денот, српското МВР испрати предупредување до граѓаните да не излегуваат надвор доколку не е неопходно.

Невремето остави пустош зад себе и во Словенија и Хрватска, каде медиумите јавија дека има најмалку три жртви – една во словенечки Блед, а две во Загреб.

Во продолжение погледнете повеќе видеа од невремето низ Србија:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зошто Камчев се најде на „црната листа“ на САД: Интензивно се занимава со корупција, вклучително и со перење пари од раните 2000-ти

Следно

Охридската библиотека „Григор Прличев“ организира трибина на тема „Мирисот на оловото“ посветена на градските весници

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop