(ВИДЕО) Тројца мртви и над 60 повредени е билансот од невремето во Хрватска, жртва има и во БиХ

July 19, 2023
1 min read

Една жртва имаше и во Словенија, а во Босна и Херцеговина има и над 20 повредени. Во Србија засега нема информации за загинати, а биле евакуирани 15 лица

Северниот и средишниот дел на Хрватска како и источниот регион Славонија денеска попладне беа зафатени со страшно невреме. Силен вета и обилни врнежи направија хаос и во главниот град Загреб. Невремето носеше се пред себе, а улиците беа поплавени при што е направена огромна материјална штета, јавува „Индекс.хр“.

Во Загреб загинаа две лица, а едно во Славонија. Повеќе од 60 лица, пак, се повредени.

Но, во текот на ноќта, како што пренесува хрватскиот портал, се очекува ново невреме. Според предупредувањето од службата за цивилна заштита, на сила е црвено аларм на предупредување за невреме со грмотевици за регионите Загреб и Карловац.

Невремето ја зафати и Босна и Херцеговина (БиХ), а како што јави порталот „Аваз“, загинала една жена во Брчко, а над 20 повредени лица побарале лекарска полош. Жената загинала во дворот каде ја погодил струен удар.

И таму има голема материјална штета односно оштетени автомобили, откорнати дрвја, оштетени кровови, а грмотевиците предизвикале и два пожари.

Невремето вечерва ја погоди и Србија каде бројни населени места останаа без струја. Според српските медиуми, во Белград паднале два кранови на градилишта, а и таму има оштетени возила, паднати дрвја, откорнати делови од згради итн.

Противпожарните екипи, пак, евакуирале 15 луѓе кои биле во опасност од невремето, а засега нема информации за жртви.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се наоѓа во Брисел, порача дека по враќањето во Белград ќе се занимава со последиците од невремето и изрази надеж дека ќе нема жртви.

Словенија која прва во регионот беше погодена од невремето, како што веќе информиравме, забележа една жртва во туристичкото место Блед.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Охридската библиотека „Григор Прличев“ организира трибина на тема „Мирисот на оловото“ посветена на градските весници

Следно

Вучиќ: Побарав НАТО да ја преземе контролата и да обезбеди пристоен живот за Србите на Косово

Latest from Blog

„Опасниот момак“ од филмовите на Тарантино: Улогите по кои ќе го паметиме Мајкл Мадсен

Мајкл Мадсен, познатиот американски актер најпознат по своите улоги во филмовите на Квентин Тарантино, почина на 68-годишна возраст поради срцев удар. Смртта на актерот ја потврди неговиот менаџер Рон Смит, а Мадсен

Сиљановска Давкова: Никаде не пишува до кога мора да се направат уставните измени

Предлогот за уставни измени со одложено дејство, експерти и многу челници на ЕУ го оцениле како извонреден. Ништо не губи никој, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова, посочувајќи дека во преговарачката рамка не

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево
Go toTop