Цените на акциите на азиските берзи пораснаа, доларот нагло падна

July 13, 2023
2 mins read

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 100,47 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 101,37 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 139,35 на 138,15 јени

На азиските берзи цените на акциите значително пораснаа, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво во последните 15 месеци, откако податоците сугерираа намалување на инфлацијата во САД. Индексот МСЦИ на азиско-пацифичкиот регион беше околу 7 часа плус 1,5 отсто, зајакнувајќи четврти ден по ред. Истовремено, јапонскиот индекс Никеи зајакна за 1,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Јужна Кореја, Австралија и Хонг Конг пораснаа меѓу 0,8 и 2,5 отсто.

Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот раст на цените на акциите на Волстрит трет ден по ред. Dow Jones зајакна за 0,25 отсто, додека S&P 500 порасна за 0,7 отсто, а Nasdaq индексот за 1,15 отсто. Ова е благодарение на податоците кои покажуваат дека инфлацијата во САД продолжува да се намалува.

Аналитичарите: ФЕД дополнително ќе ги зголеми каматните стапки

Вчера беше објавено дека потрошувачките цени во јуни се зголемени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, додека на годишна основа се зголемени за 3 отсто, најмалку од почетокот на 2021 година. Пред еден месец инфлацијата беше 4 отсто. Базичната стапка на инфлација, која ги исклучува цените на храната и енергијата, се лизна од 5,3 на 4,8 отсто во јуни.

Сето ова се подобри податоци отколку што очекуваа аналитичарите, па го зајакнаа верувањето на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе стави крај на циклусот на зголемување на каматните стапки, кој трае повеќе од една година.

Деновиве неколку функционери на ФЕД изјавија дека каматните стапки ќе треба дополнително да се зголемат за да се потисне инфлацијата, но и дека циклусот на зголемувања на каматните стапки завршува. На седницата во јуни, челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети додека не се види како сегашното заострување на монетарната политика ќе влијае врз економијата и инфлацијата.

Аналитичарите веруваат дека ФЕД на состанокот овој месец ќе ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени. Тоа може да биде последното зголемување во овој циклус.

„Пазарот чувствува дека ФЕД е се поблиску до последното покачување и до крајот на неговиот циклус на затегнување“,

рече Квинси Крозби, стратег во ЛПЛ Фајненшел.

Доларот нагло падна, цената на нафтата порасна

И на пазарот на валути, вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна на најниско ниво од април 2022 година. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 100,47 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 101,37 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 139,35 на 138,15 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1140 долари, највисоко ниво во последните 15 месеци, додека вчера во ова време беше 1,1035 долари. Еврото зајакна во однос на доларот благодарение на проценките дека разликата во каматните стапки меѓу САД и еврозоната ќе се намали бидејќи ФЕД наскоро ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки, додека Европската централна банка најверојатно ќе продолжи да ги зголемува.

Цените на нафтата, пак, пораснаа трет ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,41 отсто, на 80,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,37 отсто, на 76,05 долари.

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од денеска земјата влегува во портокалова фаза со температури до 42 Целзиусови степени

Следно

Бајден му се заблагодари на Ердоган за неговата храброст, лидерство и дипломатија по договорот за Шведска

Latest from Blog

Евровизија пропаѓа: Уште еден победник го враќа трофејот поради учеството на Израел (ВИДЕО)

Откако победникот на Евровизија 2024, Немо, јавно објави дека го враќа својот победнички трофеј на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), друг победник на Евровизија одлучи да го стори истото. Тоа е ирскиот пејач

ФОТО: Дали имате природен магнетизам? Првото нешто што го забележувате открива дали…

Овој интересен визуелен тест ја користи перцепцијата како забавен начин за да ѕирнете во вашиот внатрешен свет. Ве повикува да истражите како вашите први импресии од една едноставна слика може да ги

Митева: Денешниот настап на СДС претставува сериозна штета за медиумскиот простор во Македонија кој мора да биде јасно осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме

Хаос во Индија: Само што си замина Меси – на теренот летаа шишиња (ВИДЕО)

Посетата на Лионел Меси на Индија беше одбележана со инцидент во Калкута, каде што настана хаос откако незадоволни навивачи влетаа на теренот на стадионот „Солт Лејк“, објавија локалните медиуми. По пристигнувањето во
Go toTop