Почина сценографот Живојин Трајановиќ

July 10, 2023
1 min read

На 75-годишна возраст почина сценографот Живојин Трајановиќ. Тој речиси целиот свој работен век го поминал работејќи како сценограф на Македонската опера и балет. Но, исто така работел и на бројни културни манифестации и телевизиски проекти.

Живојин Трајановиќ е роден 1948 година во с. Табановце – Куманово, Македонија. Во 1968 г. се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, на отсек историја на уметноста – група
музеологија, а во 1972 година се запишува на Академијата за применетата уметност, отсек сценографија, во Софија каде што дипломирал во 1976 година.

По дипломирањето, од 1977 г. работи во Македонската радиотелевизија и во текот на двегодишното работење има реализирано над 60 проекти, сценографии и костимографии од различни жанрови. Од 1978 година работи во Македонскиот народен театар – Опера, како сценограф. Во текот на изминатите години има реализирано повеќе оперски, балетски и драмски претстави. Со своите сценографски трудови учествувал на повеќе републички, државни и меѓународни изложби.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Одлични вести од Вилнус, приклучувањето на Шведска во НАТО е најважниот политичко-безбедносен настан

Следно

Зеленски: Самитот во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на НАТО

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop