Зеленски: Самитот во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на НАТО

July 10, 2023
1 min read

Зеленски додаде дека на форумот ќе се разговара и за обезбедување на повеќе оружје за Украина во војната со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека мнозинството во НАТО е категорично „за“ неговата земја, а самитот на Алијансата во Вилнус треба да потврди дека Украина е всушност членка на пактот, пренесоа британските медиуми.

„Мнозинството во Алијансата е категорично ‘за’ нас. Кога аплициравме за членство во НАТО, отворено кажавме: всушност, Украина е веќе во Алијансата. Нашето оружје е оружјето на Алијансата. Нашите вредности се оние во кои верува и Алијансата. Вилнус мора да го потврди сето ова“,

истакна Зеленски во вечерното видео обраќање.

Зеленски додаде дека на форумот ќе се разговара и за обезбедување на повеќе оружје за Украина во војната со Русија.

Од средбата во Вилнус, според него, „можат да дојдат добри вести што се однесува до вооружувањето“.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина сценографот Живојин Трајановиќ

Следно

Ањели суспендиран на 16 месеци

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop